Реклама

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Македонија

Во Прилеп Свечена академија во чест на светите браќа Кирил и Методиј

           Просветителското дело на светите браќа Кирил и Методиј е епохално. Тие…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

           Просветителското дело на светите браќа Кирил и Методиј е епохално. Тие се најзаслужните рамноапостоли кои како најучени луѓе во 9 век го просветиле словенскиот род, почнувајќи со јазикот на Словените од Солун и солунско, а кој што речиси три века бил старо-словенскиот или старо-македонскиот, односно македонскиот јазик и кој всушност е основата на сите словенски јазици. Ова денеска го истакна митрополитот г.Петар на Свечена академија која се одржа во прилепската Црква „Св. Кирил и Методиј“ – „Параклис“, притоа додавајќи дека токму Кирил и Методиј биле оние кои што на православниот свет му ја предале и нашата православна вера, изворно и чисто, точно според Христовото учење. 

   „И тогаш, а и ден-денес ние се потпираме на нивното дело, бидејќи ги превеле Светите книги, Светото писмо на македонски, старо-макeдонски јазик и секако дека и богослужбените книги се преведени исто така, подоцна, од нивните свети ученици Климент и Наум Охридски – Чудотворци. Ние сме сведоци дека денес многу институции, просветни, образовни и воспитни  го носат нивното име, но не го проповедаат нивното дело онака како што тие го проповедале, туку само формално се споменува нивното име“ – кажа митрополитот г. Петар.

  Во рамките на денешното чествување беа вклучени и ученици од основните и средните училишта кои преку свои литературни и ликовни творби, а мотивирани од ликот и делото на светите Кирил и Методиј, учеа за значењето на сесловенската писменост, но и за православието.

Реклама

   „Целта на овој проект е младината повторно да ја вратиме во црквите, односно да ги научиме дека црквите всушност не се само место за молитва, но се исто така и дом, како дом Божји, така и дом нивни, и место каде што можат да ги споделуваат своите знаења, место каде што можат да проучуваат нешто повеќе“, – истакна штец Андреј Иваноски.

  „Ликовната работилница претставува запознавање на децата со еден начин на сликање на икони кој се практикувал во византискиот период во нашата држава Македонија и воопшто“, – рече Александар Џинго, професор и ментор.  

  „Ние ги цртавме светите Кирил и Методиј, нивните дела кои ги правеле низ животот. Беше захтевно, но  со дружба, се’ постигнавме. Интересен проект, интересна Работилнца“ – вели Матеја Миленкоска, ученичка.

    Денешната Свечена академија беше во организација на Здржението „Креативни концепти“, а беше поддржана  и од Институтот за Старословенска култура.

                                                                                                           Каролина Дурло