Реклама

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Почнува со работа Истражниот центар во штипското обвинителство

Системот „Сејф сити“ се шири: Oд 12 октомври камерите почнуваат со работа во Oхрид, Струга, Кичево и Дебар

Мицкоски ќе се обрати пред Генералното Собрание на ОН: Ќе бидат претставени јасните и цврсти позиции на Македонија

Димитриеска-Кочоска: Од автомобилски компании до дата центри за поголем економски раст

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Здравје

Како да не го дишат истиот воздух со нас: Пратениците на владејачкото мнозинство не гласаа за пари за аерозагадувањето

Земи здив и закашлај се. Диши  и разболи се. Излези надвор, ама ако…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Земи здив и закашлај се. Диши  и разболи се. Излези надвор, ама ако нависитна мораш. Граѓаните во Македонија имаат луксуз да дишат релативно добар воздух помалку од 120 денови во годината. Во останатите денови, воздухот е отровен и сериозно го загрозува здравјето на луѓето.

Дури 5560 наши сограѓани во 2021 година прерано починале поради аерозгадувањето. Но ова не е доволен аларм за надлежните. Пратениците на владеачкото мнозинство гласаа против сите амандмани на Буџетот за 2024 година за намалување на загадувањето на воздухот. Од вкупниот буџет во висина 5,5 милијарди евра, за конкретни мерки за намалување на загадувањето не е одвоен ниту денар, алармираат невладините организации.

–И оваа година за заштита на животната средина се одвоени 0,83% од вкупните расходи што секако е многу малку и недоволно. 5600 наши сограѓани се директни жртви на аерозагадувањето. Не знам што уште да направиме за да ја пратиме порката дека ова е приоритет ама приоритет број 1.  Крајно игнорантски, значи да не си свесен дека е тоа прашање на живот и смрт мислам дека не оправдува никого од одговорност, а одговорните си имаат име и презиме бидејќи тоа се клучните луѓе на функции кои имаат предвидно во своите институции справување со овој проблем, вели Ели Пешева од невладината О2.

Реклама

Македонија нема ниту краткорочна а ниту долгорочна стратегија за решавање на овој проблем, а надлежните си ја префрлаат одговорноста од едни на други без при тоа никој да одговара за послдиците од непревземањњето на конретни мерки.

–И самата министерка на мое големо изненадување не беше запознаена, е дека Државниот завод за статистика секоја година вади проценка колку даноци се собрани за еколошки такси. Таа бројка за собрани еколошки такси кои што можат да се вратат назад во системот и да се поработи со нив на терен како мерки со кои што ќе може да се намали загадувањето за 2021 е некаде околу 230 милиони евра. Од тие пари ние немаме никакво враќање назад за потребите за кои што се тие собрани. Едноставно мора да постои човечка а со тоа и кривична одговорност за тоа дека можете да направите нешто а вие свесно да одлучите да не го правте тоа, значи да не спречите да умрат илјадници луѓе како да сме во војна, вели Пешева.

Најголеми загадувачи на воздухот во Македонија се индустриските капацитети ,гарадежната инсустрија, сообраќајот и начинот на кој се грееме. Скопје, Тетово и Струмица се рекордери во загаденост во Македонија, но загрижува што загаденоста е голема и на места како што се Охрид и Берово.