Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Гаши: ЕУ беше неправедна кон земјава и пропушти шанса преку неа да прати порака до целиот регион

Претседателот на Собранието Африм Гаши вели дека Европската Унија сторила неправда кон…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието Африм Гаши вели дека Европската Унија сторила неправда кон Македонија со тоа што по потпишувањето на Преспанскиот договор и промената на уставното име не ѝ овозможила на земјава побрзо да напредува во евроинтеграциите. Истовремено, Гаши вели дека политичките партии на Албанците се подготвени да ги поддржат уставните измени, но дека внимателно пристапуваат кон ова прашање поради неговата поврзаност со македонскиот идентитет.

На прашањето дали отсуството на земјава од патоказите за напредок во процесот на проширување што Европската комисија ги претстави за четирите најнапредни земји во процесот (Црна Гора, Албанија, Молдавија, Украина) е неправда или одраз на реалноста, Гаши одговори дека се присутни и двата елемента, но дека, како што рече, преовладува неправдата.

-Има дел од реалноста, но повеќе би рекол дека е неправда. Мислам дека кон нашата држава е направена неправда, со тоа што после донесувањето на Преспанскиот договор, менувањето на уставното име, ваков голем компромис, ниту во регионот, ниту пошироко, во Европа не е направено подолго време, не и беше овозможено на земјава побрзо да напредува – вели Гаши во интервју за една од националните телевизии.

Реклама

Според претседателот на Собранието, Европската Унија пропуштила можност преку примерот на Северна Македонија да испрати порака дека државите кои се подготвени на големи компромиси за решавање на билатералните спорови можат да очекуваат побрзо напредување кон членството.

Гаши оценува дека Брисел не се одважил на таков чекор.

-Велам дека требаше да се охрабрат, мислам дека пред руската инвазија во Украина, во Европската Унија имаше големи дилеми дали треба да има проширување. И наоѓаа разни оправдувања зошто не би требало да го има. Но мислам дека после оваа руска инвазија во Украина, откако се увиде дека Европа може пак да биде ставена под голем предизвик, воен, безбедносен и така натаму, се дојде до значење и се увиде дека овој регион, Југоисточна Европа е дел од Европа и сега веќе не треба да се гледа само од интегративен аспект туку и од безбедносен. И мислам дека ако ја видиме добро геополитичката карта, Европа е веќе свесна за тоа и сега се обидува да го поправи тоа, но мислам дека предалеку се отидени некои работи и во однос на еве, во нашата држава, приликите кои дојдоа до францускиот предлог и потоа политичките настани на оваа опозиција, доаѓање на власт на една политичка партија која беше против тој договор, дава политичка тежина и не дава можност така лесно да се помине – истакнува Гаши во интервјуто. 

Според него, партиите на Албанците се за уставните измени, но не сакаат да се нарушат меѓуетничките односи.