Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Гаши: Партиите да побараат заеднички јазик за измените на Законот за јавни набавки, инаку ќе се расправа според Деловникот

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, смета дека партиите треба да седнат на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, смета дека партиите треба да седнат на разговор за измените на Законот за јавните набавки, за кои се поднесени 2 158 амандмани. Ако нема договор, нагласува тој, Собранието ќе ги разгледа амандманите во роковите предвидени со Деловникот. 

-Во овој случај, мислам ако има толку многу амандмани, ние сме парламентарна демократија, Собранието е место каде што се разговара, ќе треба да се најде начин да се дојде до решение – вели Гаши во интервју за една од националните телевизии.

Прашан дали веќе разговарал со координаторите на пратеничките групи, претседателот на Собранието истакна дека денеска, од објективни причини немало координација и оти позициите на партиите се познати.

Реклама

Измените се прва точка на дневниот ред на утрешната пленарна седница, но на прашањето дали пратениците ќе почнат со нив или предност ќе добие ребалансот на буџетот, Гаши вообичаено кога е во прашање ребалансот се почнува со него.

Во интервјуто Гаши говореше и за тоа дали забелешките од граѓанскиот сектор дека дел од измените ја намалуваат транспарентноста и отвораат простор за корупција се причина пратениците уште еднаш да ги преиспитаат предложените измени на Законот. Според него, суштината на измените е при изборот на најдобрата понуда, покрај цената, да се вреднува и квалитетот.

-Никој нема намера, најмалку мнозинството во овој случај да протне нешто – рече Гаши, додавајќи дека ако дел од одредбите оставаат простор за сомнежите на кои укажува граѓанскиот сектор, за нив треба да се разговара.

Законот утре се враќа на трето читање откако претседателката Гордана Сиљановска-Давкова не го потпиша указот за измените што Собранието ги усвои на 26 октомври.