Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Седници на три собраниски комисии

Во Собранието денеска ќе заседаваат три комисии – Комисијата за прашања на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието денеска ќе заседаваат три комисии – Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство и Законодавно-правната комисија.

Пред членовите на Комисијата за прашања на изборите и именувањата се Разгледувањето на пријавите по Одлуката за објавување јавен оглас за именување член на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад и утврдување Предлог- кандидат за именување  член во РКЕ, утврдување предлог-одлуки за избор на членови на Советот за граѓански надзор, за изменување на Одлуката за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС СЕ), за изменување на Одлуката за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива (ПД ЦЕИ).

На дневен ред се и утврдување предлог-одлуки за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието и за изменување на Одлуката за основање пратенички групи на македонското Собрание  за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието за соработка со парламенти на други држави.

Реклама

На дневен ред на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство и Законодавно-правната комисија е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, во прво читање.