Реклама

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Економија

Продолжуваат градежните активности за изградба на фекална канализација во Миладиновци

Продолжуваат градежните активности за реализација на капиталниот проект за изградба на фекална…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Продолжуваат градежните активности за реализација на капиталниот проект за изградба на фекална канализација во дел од населеното место Миладиновци, во Општина Илинден, при што во рамки на досегашните активности изградени се над 1.700 метри канализациска мрежа – информираат од општината.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, извршил увид во текот на градежните работи, при што истакнал дека проектот опфаќа изградба на примарна канализациска мрежа со краци и приклучоци, во вкупна должина од околу 4.570 метри, која ќе биде поврзана со постојната пречистителна станица.

-Со реализацијата на овој проект се предвидува приклучување на повеќе од 100 домаќинства, а по неговото целосно завршување, Миладиновци ќе добие целосна покриеност со фекална канализациска мрежа – истакнал градоначалникот Георгиевски.

Реклама

Од општината додаваат дека реализацијата на ваквите капитални проекти претставува значаен придонес кон заштитата на животната средина и одржливиот развој на населените места во општината.