Реклама

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Економија

Од полноќ бензините поскапуваат за два, дизелот за еден денар

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,55 отсто. Од полноќ бензините поскапуваат по два, а дизелот еден денар.

Според одлуката, цената на моторниот бензин „Еуросупер БС-95“ се зголемува за два денари по литар и ќе изнесува 93 денари, додека „Еуросупер БС-98“ исто така поскапува за два денари и ќе се продава по 95 денари за литар.

Цената на дизел горивото „Еуродизел БС (Д-Е V)“ се зголемува за еден денар и од утре ќе изнесува 100 денари за литар.

Реклама

Без промена останува цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), која ќе изнесува 110 денари за литар. Мазутот М-1 НС поскапува за 1,300 денари за килограм и новата цена ќе изнесува 55,573 денари за килограм.

Во Одлуката на РКЕ е применета владината одлука за намалениот износ на ДДВ за нафтениот дериват ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) во износ од 10% и е применет намален износ на акцизата од 2,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).