Реклама

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Прилози

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Пирова победа на Радев. И покрај тоа што неговата миленичка Јотова стана…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пирова победа на Радев. И покрај тоа што неговата миленичка Јотова стана претседател, сигналот кој Бугарите му го испратија е дека ја губи довербата. Илијана Јотова победи со 1 милион и 100 илјади гласови, што е за 350.000 помалку од она што партијата „Прогресивна Бугарија“, го освои на парламентарните избори пред половина година. По изборната победа, Јотова реши да се заблагодари на својот партиски шеф, велејќи дека без него немало да успеат.

-Сакам да се заблагодарам исклучително многу на „Прогресивна Бугарија“. Почитуван господине Радев без вас немаше да успееме. Последните денови целосна мобилизација, сакам да се заблагодарам за тоа што во ниту еден момент не се поколебавте во поддршката за мене. Сакам да се заблагодарам на Бугарската социјалистичка партија, која што секогаш беше до мене во оваа исклучително тешка битка, изјави Јотова.

Иако надолниот тренд за неговата партија е јасен, Радев е задоволен. Гласовите за Јотова значеле дека Бугарите избрале мир, перспектива и иднина наместо минато. Според бугарскиот премиер, новата шефица на државата ќе била достоинсвен претседател во тешките времиња кои следуваат.

Реклама

-Во таа хистерија која беше врз нив, тие водеа една достоинствена и позитивна кампања. Со госпоѓа Јотова се познаваме веќе 10 години и јас сум убеден дека ќе бидете достоинствен претседател на Бугарија, во тешките времиња во кои вие утре ќе ја носите таа голема одговорност. Денеска Бугарите ја избраа иднината пред минатото, изјави Радев.

Поразениот Андреј Ѓуров освои 750 илјади гласови. Тој повика на обединување на Бугарите.

-Ни следуваат многу предизвици, ни предстојат тешки времиња. И тука е важно да се каже дека на крајот на кампањата, ние како општество, како граѓани треба да бараме побрзо обединување, а не разединување. Доволно разединувачка беше кампањата, но јас мислам дека за секој од нас има работи кои не обединуваат, многу повеќе од тие кои не разединуваат, изјави Ѓуров.

Излезноста во вториот круг од претсдателските избори во Бугарија повторно беше многу ниска, со помалку од 30 проценти. Ова претставува мал раст за разлика првиот кург, кога излезноснта беше рекордно ниска, односно само 22 проценти.

Матеја Петровски