Реклама

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Прилози

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Алта банка не е во стечај, не е затворена, има само привремено…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Алта банка не е во стечај, не е затворена, има само привремено управување токму за да се спречи тоа. Има 5 заинтересирани купувачи на акциите и е далеку од пропаѓање. Сепак, во Битола стравот е посилен од се. Пред банката има редици, експозитурите не работат со клиенти, банкоматите кој-како – некои исплаќаат пари , некои не. Граѓаните кои имаат лошо искуство со пропаднатата штедилница ТАТ, брзаат да ги извадат парите стравувајќи дека нивните заштеди ќе пропаднат.

Откако за само два дена луѓето извадија два милиони евра од банката, од денеска тие можат да повлечат најмногу по 10 илјади денари неделно. Во најтешка ситуација се оние кои не поседуваат банкарски картички, бидејќи сега ги чека долг процес за отворање сметки во други банки и префрлање на платите и пензиите таму. Дополнително пензиите веќе легнаа на сметките во Алта банка, па сега само ограничено можат да се користат, додека притискаат трошоците за комуналии, лекови, храна.

Од Народната Банка смируваат дека воведувањето привремена администрација не значи затворање на „Алта банка“ АД Битола, ниту активирање на механизмот за исплата на депозитите, преку Фондот за осигурување депозити. Напротив, целта на оваа привремена заштитна мерка е банката да продолжи непречено да работи, средствата на клиентите да останат на нивните сметки, а имотот и интересите на сите штедачи и други доверители, да бидат заштитени до разрешување на сопственичката состојба, односно промена на сопственоста на банката.

Реклама

„Станува збор за привремена заштитна мерка, а не за постапка за затворање на Банката. „АЛТА банка“ АД Битола продолжува да работи, не е во стечај и не ѝ е одземена дозволата за работа. Банката е ликвидна, високо капитализирана, со солиден квалитет на кредитното портфолио и ги исполнува супервизорските стандарди. Средствата на клиентите остануваат на нивните сметки. Привремено е ограничена само динамиката на одливот на средства, со цел да се спречи нагло и масовно повлекување на ликвидноста, што би можело да влијае врз интересите на сите штедачи“ – велат од НБМ.

Ограничувања има и за компаниите со трансакциски сметки во Алта банка. Тие ќе можат да вршат плаќања само кон други сметки во истата банка. Трансферите кон странство привремено ќе бидат стопирани како за физички, така и за правни лица.

„Правните лица ќе може да извршуваат само внатрешни плаќања од своите сметки кон сметките на други правни и физички лица во рамките на Банката во неограничен износ. Правните лица нема да можат да изнесуваат средства надвор од Банката преку платните системи во земјата, а ниту пак преку повлекување готовина од банкоматите или шалтерите на Банката. Приливите од странство преку СЕПА и кореспондентното банкарство ќе се одвиваат непречено, додека одливите кон странство привремено ќе бидат прекинати  и за физичките и за правните лица“ – велат од НБМ.

Од Народната банка уште еднаш апелираа до штедачите да не поглегнуваат на непроверени информации и дека масовното повлекување пари не им е во интерес. Депозитите на населението во Алта банка се 118 милиони евра. По ограничувањето за граѓаните, сега се предупредуваат и инвеститорите. Македонската берза ја стави банката на листата на набљудување, за да ги информира инвеститорите дека е воведено привремено управување. Ваквата листа не значи дека е суспендирано тргувањето со акции, туку сигнал дека инвеститорите треба да бидат многу внимателни во носењето на одлуките.