Реклама

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Македонија

„Неготинско младо вино” по четврти пат ќе се одржи следната недела

Манифестацијата „Неготинско младо вино” по четврти пат ќе се одржи следната недела…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Манифестацијата „Неготинско младо вино” по четврти пат ќе се одржи следната недела на 8 ноември, информираа денеска од Општина Неготино.

Оттаму појаснија дека станува збор за настан што ќе се одржи на старата градска чаршија со почеток од 13 часот, а манифестацијата е посветена на промоцијата на неготинското младо вино, малите семејни винарии и локалната традиција. Присутните на старата градска чаршија ќе можат да дегустираат од изложените млади вина, да се запознаат со производите на винариите и да пробаат од традиционалната неготинска храна.

– Општина Неготино подготви извонредно богата забавно – музичка програма со настап на фолклорниот ансамбл „Ацо Ѓорчев”, пензионерскиот хор при Здружението на пензионери –  Неготино, а свој придонес за добрата забава ќе дадат и „Трио Гранде” и една од најпопуларните пејачки на македонски народни песни, Сузана Гавазова – соопштија од локалната самоуправа.

Реклама

Од Општината упатија јавна покана до сите заинтересирани, да бидат дел од манифестацијата.