Реклама

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Македонија

Министерката Јаневска очекува студентите да го прифатат предлогот за субвенционираниот оброк

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска истакна дека очекува студентите да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска истакна дека очекува студентите да го прифатат договорот што се подготвува за студентскиот субвенциониран оброк, оценувајќи дека решението ќе биде на задоволство и на студентите и на институциите.

Одговарајќи на новинарско прашање при посетата на студентскиот дом „Стив Наумов“ во Автокоманда, Јаневска изјави дека начелно е постигнат договор.

-Начелно мислам дека имаме договор. Очекувам одговор од студентите, но не се сомневам дека ќе го прифатат тој договор и дека на задоволство и нивно и наше, повторно оваа Влада ќе биде со студентите – рече Јаневска.

Реклама

Таа додаде дека Владата останува посветена на младите и на подобрувањето на нивниот стандард.

-Ние се посветуваме на младите и кога јас кажувам дека во нив ја гледам иднината на оваа земја, не е тоа флоскула. Тие препознаваат дека тоа јас искрено го мислам и искрено им го порачувам – истакна министерката.

На прашањето околу висината на студентскиот субвенциониран оброк, Јаневска упати на вчерашните изјави на премиерот.

-Вчера премиерот многу убаво објасни, сите ја пренесовте изјавата, гледам дека беше актуелна, мислам дека веќе никакви дилеми понатаму немаме – изјави министерката Јаневска.

Премиерот Христијан Мицкоски  вчера одговарајќи на пратеничко прашање информира дека предлогот што Владата им го презентирала на претставниците на студентските парламенти на сите универзитети е покачување на субвенционираниот студентски оброк од сегашните 3.500 на 4.500 денари месечно, можност за дополнителни попусти при купување храна и воведување посебна дигитална услуга преку апликацијата „М.услуги“.