Реклама

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Македонија

Интензивно се работи на отворање на ургентниот центар во Клиничка болница-Штип

Во тек е изградбата на ургентен центар во Клиничка болница-Штип. Директорот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во тек е изградбата на ургентен центар во Клиничка болница-Штип. Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев вели дека наместо со упати за конкретни специјалности, пациентите од Истокот прво ќе бидат прегледувани во ургентниот центар во Штип. Тој истакна дека целосната реконструкција на просториите каде што ќе функционира оваа служба е речиси завршена. Следна фаза е опремување со инвентар и пуштање во употреба.     

-Деведесет отсто од градежните работи од ургентниот центар веќе се направени. Има уште некои ситни работи што треба да се средат, а потоа ќе почнеме со опремување на мебел, кревети и инвентар. Организациски веќе правиме планови за персоналот што ќе работи во центарот-вели Захариев.

Тој додаде дека центарот ќе овозможи побрзо згрижување, бидејќи нема да се губи време во барање соодветен специјалист, особено кога станува збор за критични пациенти од другите градови во Источниот Регион. Во него ќе се вршат првичните прегледи, по што ќе се проценуваат на кое одделение да продолжи лекувањето, бидејќи одредени служби не работат 24 часа на ден. 

Реклама

-Целта ни е кога ќе се формира ургентниот центар да биде влезната врата во болницата. Планираме тие приоритетни упати да ги блокираме и влез ќе биде ургентниот центар. Тоа значи некој што има проблем во Берово или Пехчево со упат, тријажата ние ќе ја направиме бидејќи ние во моментот имаме увид кој специјалист е на работа и кој треба да се повика. Протоколите сами ќе си ги правиме-рече Захариев.

Инаку, отварањето на ургентниот центар е долгогодишна идеја која не можеше да се реализира поради недостиг од кадар и простор. Захариев истакна дека со пренамена на модуларната болница во специјалистички амбулантни се создадоа услови за отворање на ургентниот центар. Штипската Клиничка болница има највисок индекс на сложеност на случаи во споредба со клиничките болници во Тетово и Битола, а отворањето на новиот центар дополнително треба да ја унапреди здравствената заштита на околу 150.000 жители во регионот.