Реклама

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Економија

Славески: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, под постојан супервизорски надзор

Народната банка континуирано го следи работењето на сите банки, нивната ликвидност, капиталната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Народната банка континуирано го следи работењето на сите банки, нивната ликвидност, капиталната позиција и изложеноста на ризици. Квалитетот на супервизијата е потврден и со оцената на Европската комисија за еквивалентност на домашната со европската регулаторна и супервизорска рамка.

„Домашниот банкарски систем е стабилен и отпорен. Народната банка континуирано, на секојдневна основа, го следи работењето на банките, нивната ликвидност, капиталната позиција и изложеноста на ризици и презема соодветни мерки во рамките на своите надлежности кога за тоа има основа“, истакнува гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, во врска со актуелните медиумски наводи за прекугранични трансфери на средства.

Во однос на наводите за трансфер на средства од Србија кон странство, Народната банка на Србија веќе излезе со официјално соопштение и не би коментиралe непроверени тврдења што се однесуваат на банкарскиот систем во друга земја. Одливите на капитал од одредена земја треба да се предмет на интерес на нејзините надлежни институции. Инвеститорите се одлучуваат за селење на финансискиот капитал од различни причини: потрага по повисоки приноси, поповолна инвестициска клима надвор од земјата, во периоди на неизвесност и сл.

Реклама

„Во современата економија, во која земјите и финансиските пазари се тесно поврзани, прекуграничните финансиски текови се вообичаен дел од економските активности. Компаниите вршат плаќања кон странски добавувачи, банките извршуваат трансакции за своите клиенти, а инвеститорите вложуваат средства и на домашните и на странските пазари. И нашата земја има приливи и одливи на капитал, вклучително и преку портфолио-инвестициите во странство“, истакнува гувернерот Славески.

Тој нагласува дека самиот факт што средства се префрлаат од една земја во друга не значи дека станува збор за сомнителна активност. За правилна оцена, од суштинско значење се природата, основата и околностите на трансакциите, како и нивната усогласеност со законите и регулативата.

Квалитетот на супервизорската функција на Народната банка е потврден и со одлуката на Европската комисија од 2021 година, со која домашната регулаторна и супервизорска рамка за банките, во однос на соодветните европски барања, е оценета како еквивалентна на рамката на Европската Унија.

„Тоа е значајна потврда дека нашата регулатива и супервизија ги исполнуваат релевантните европски стандарди. Супервизијата ја вршиме преку посотојано вонтеренско следење и редовни теренски контроли. При супервизорските активности соработуваме со домашните институции и со странските супервизорски органи“, посочува гувернерот.

На крајот, гувернерот Славески упатува порака до граѓаните дека довербата во банкарскиот систем треба да се темели врз проверени информации и факти.

„Народната банка континуирано ја следи состојбата и работи на зачувување на стабилноста на банкарскиот систем, којшто е еден од клучните столбови на економската стабилност на земјата“, порачува гувернерот Славески.