Реклама

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Македонија

„Агро експо 2026“ – современи земјоделски технологии, механизација и изложба на домашна храна

Презентации на 15 европски проекти, современи земјоделски технологии и механизација, како и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Презентации на 15 европски проекти, современи земјоделски технологии и механизација, како и изложба на домашни земјоделски производи и храна, ќе понуди настанот „Агро експо 2026“, што денеска и утре ќе се одржува во Скопје. Мотото е „Земјоделството на иднината. Денес.“, а пред присутните на отворањето, како што е најавено, ќе се обратат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

Според организаторите, настанот ќе ги поврзе земјоделците, производителите и компаниите со научната заедница и институциите, преку конференциска и изложбена програма, практични демонстрации и деловни средби. 

-Програмата ќе обедини презентации на 15 европски проекти, со акцент на нивната поврзаност со земјоделството, иновациите и развојот на секторот, како и информации за можностите за европско финансирање и проектни партнерства. Посетителите ќе можат да се запознаат со земјоделска технологија, механизација и опрема, вклучително сензори, дронови, системи за паметно наводнување и софтвер за фарми. Изложбениот дел ќе вклучи и земјоделски производи и храна, со можности за директни средби со 
производителите и дегустации, се наведува во најавата. 

Реклама

По отворањето е предвидена конференција за модернизација на земјоделството.

-Денот е посветен на институционалниот дијалог, научните достигнувања и трансферот на технологии до земјоделските производители. Темите ќе опфатат прецизно земјоделство, користење податоци и софтвер за управување со фарми, заштита на интелектуалната сопственост и развој на препознатливи земјоделски брендови. Презентациите на европските проекти ќе овозможат размена на искуства и директно поврзување со потенцијални партнери, велат организаторите.

Утре фокусот ќе биде ставен на земјоделска технологија, механизација, производи и храна. Ќе има и практични демонстрации, како и средби со производители и добавувачи. Посетителите ќе можат да разгледаат механизација, опрема, материјали и услуги за земјоделството, да воспостават деловни контакти и да учествуваат во дегустации на храна, мед и вина.

Деканот на ФИНКИ, професорот Петре Ламески, ќе ја претстави темата „Од фарма до паметен агробизнис – можности за дигитализација преку ДигитМак, Везилка и ЕуроЦЦ3“, додека професорот Александар Узунов од Факултетот за земјоделски науки и храна ќе зборува за „Современо и одржливо пчеларство – наука, иновации и практични решенија“.

Европска соработка за знаења и вештини во земјоделството “АГРО ЕКСПО на ЕУ проекти во земјоделие, технологии и храна” се организира во рамки на проектот CAAIVE, кофинансиран од Европската Унија преку програмата Еразмус+. Организатори се Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, преку Факултетот за земјоделски науки и храна, ЕМКИЦЕ КИЦ, Нова Креатива и Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. Настанот е наменет за земјоделци и земјоделски стопанства, производители и дистрибутери на механизација и опрема, компании од прехранбениот сектор, истражувачи, студенти и институции заинтересирани за модернизација на земјоделството.