Реклама

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Македонија

Муцунски: Процесот на европска интеграција да биде кредибилен и предвидлив и со забрзана динамика

Нашето очекување како држава е јасно – процесот на европска интеграција да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нашето очекување како држава е јасно – процесот на европска интеграција да биде кредибилен, предвидлив и заснован на заслуги, а напредокот да се оценува според утврдените критериуми и стандарди – нагласи министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на заедничката прес-конференција со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај Бланар, кој е во официјална посета на земјата.

– ​Во тој контекст го информирав министерот Бланар дека остануваме посветени за одржување отворени канали на дијалог со соседна Бугарија и подготвени сме да дадеме наш придонес кон унапредување на билатералните односи. ​Истовремено, сметаме дека е потребна посилна динамика на европската интеграција на целиот регион, вклучително и нашиот пристап кон Европската Унија – потенцира Муцунски. 

Тој истакна дека денешната посета е уште една потврда за блиските и за пријателските односи помеѓу двете земји и за заедничката определба да градиме партнерство засновано на меѓусебно почитување, доверба и споделени вредности.  

Реклама

– Имавме отворен, конструктивен и пријателски разговор за билатералните односи, европската интеграција, економската соработка, како и за други актуелни регионални и геополитички состојби. ​Заеднички оценивме дека одличните билатерални односи и долгогодишното партнерство претставуваат силна основа за натамошно продлабочување на соработката и отворање нови можности во области од заемен интерес. ​Посебен акцент ставивме на трговијата, директните инвестиции, како и на соработката од областа на образованието и културата – рече министерот.  

null

Муцунски рече дека ​Словачка континуирано се вбројува помеѓу најголемите наши трговски и инвестициски партнери, што претставува значајна основа за натамошно јакање на економските врски.  

– ​Посебно ја цениме принципиелната поддршка на Словачка за европската перспектива и на нашата земја, но и на целиот регион на Западен Балкан и нејзиниот активени придонес во регионалната безбедност, економскиот развој и забрзување на европската перспектива на нашиот регион. ​Таа поддршка, меѓу другото, ја препознаваме преку директниот ангажман на Словачка во групата „Пријатели на Западен Балкан“, во Вишеградската група и Славков формат и за ова сме искрено благодарни. ​Политичкиот дијалог меѓу двете држави е на највисоко ниво, а принципиелната поддршка од Словачка за остварување на нашата стратешка цел, полноправно членство во Европска Унија, има особено значење за нас – рече Муцунски.

Тој додаде дека го информирал Бланар и за посветеноста на Владата за реформскиот процес што треба да донесе опиплива и квалитативна трансформација на општеството во согласност со европските стандарди и паралелно со техничкото приближување кон правниот систем на Европската Унија.  

-​ Во време кога нашиот континент е исправен пред предизвици од историски размери, со колегата Јурај споделуваме став дека заедништвото и одлучноста во европското семејство се најдобар одговор на новата реалност.  ​За помалите држави, меѓународниот поредок заснован на правила и почитување на меѓународното право се од клучно значење за стабилноста, безбедноста и ефикасното управување со современите геополитички случувања – истакна Муцунски.

Во одговор на новинарско прашање за случајот „Ива Михајлова“, Муцунски рече дека и на средбата со Бланар било истакнато нашето очекување како земја кандидатка за членство, дека и земјите членки на Европската Унија треба да ги почитуваат највисоките стандарди поврзани со владеењето на правдата.

– Навистина е непристојно една земја членка на Европската Унија да станува прибежиште за оние што или се осудени за сторени кривични дела или се лица за кои има степен на сомнеж и се водат постапки во рамките на судовите во државата. Но, ќе бидам тука внимателен затоа што на линија на она што го кажа и претседателот на Владата, Мицкоски, пред неколку дена, немаме интерес да си дозволиме да станеме дел од естрадата поврзана со оваа тема во Бугарија, која е поврзана и со претседателските избори, кои се во тек во оваа држава – посочи министерот.

null

Тој повтори дека билатералниот дијалог со Бугарија за евроинтеграциите ќе продолжи, кој вклучува и наша активна комуникација со претставници на земјите членки на ЕУ.

– Дијалог има и тој ќе продолжи. Пред неколку дена во Црна Гора се сретнав со францускиот министер за европски прашања, при што, меѓу другото, дискутиравме и за оваа тема. Денес, тука е колегата Јурај и ова беше една тема за која активно разговаравме бидејќи, нели, за сите одлуки поврзани со нашата европска интеграција е потребен консензус. Што значи, какво било решение за кое работиме со Бугарија да го постигнеме, кое хипотетички би било на линија на нашите позиции, одржливо решение, е потребно да има консензус од сите земји членки. Така што, дијалог со Бугарија има, дијалог со европските институции во врска со ова прашање има и дијалог со сите земји членки на Европската Унија. Ќе продолжиме да работиме на тоа прашање бидејќи ние во однос на европскиот пат немаме никаква алтернатива – рече Муцунски.

null

Тој рече дека во моментот нема планирано средба со бугарската колешка Велислава Петрова, но вели во декември ќе има повеќе формати, како што ќе биде средбата на министрите за надворешни работи на НАТО, каде што ќе бидат заедно присутни.

– Очекуваме ние да бидеме домаќин на форматот министри за надворешни работи на земјите од Југоисточна Европа со Украина исто така во декември. Така што, верувам дека ќе има можност да се сретнам со мојата колешка од Бугарија и отворено да разговараме и за европскиот пат, но отворено и да дискутираме за одредени прашања што како сосед, и не само како земја кандидатка, но и како земја рамноправна членка во НАТО, за состојби што нè загрижуваат во однесувањето од таму. Но денес тука ќе застанам бидејќи не ми е цел мојата изјава да стане дел од политичка кампања во Бугарија – истакна Муцунски на заедничката прес-конференција со Бланар.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: