Реклама

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Македонија

Во тек се активности и законски измени за вмрежувањето на ПЗУ во јавниот здравствен систем

Во тек се активности и законски измени за вмрежувањето на приватните здравствени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во тек се активности и законски измени за вмрежувањето на приватните здравствени установи (ПЗУ) во јавниот здравствен систем. Ова денеска го изјави Министерот за здравство Сашо Клековски, кој рече дека паралелно функционираат три евиденции – едната е таму каде има договори со Фондот за здравствено осигурување, тоа се јавни и приватни здравствени установи, втората е приватни здравствени установи кои немаат договори со Фондот и третата се систематските прегледи, кои се едни од најмасовните здравствени прегледи, кои многу често исто не се внесуваат во здравственото досие на пациентот.

Тој посочи дека законот за медицинска евиденција е меѓу приоритетните и таму планираат да предвидат и казни, и додаде дека разговараат дали да има и одредена награда за тие приватни здравствени установи што ќе се вклучат во системот.

– Инаку тоа и поголемите здравствени установи го бараат, бидејќи тие сакаат да имаат пристап до единствената историја на пациентите. Секој лекар, без оглед дали е во јавно здравство или во приватно здравство, сака да ја види целата слика, а не само исечоци од здравственото досие. Се надевам дека измените на Законот за здравствена заштита, новиот Закон за лекови и Законот за медицинска евиденција кои се три приоритети од 12-те закони кои започнаа да се работат минатата година, наскоро ќе бидат во владина процедура, рече Клековски одговорајќи на новинарско прашање пред почетоток на одбележувањето на Светскиот ден на мозочнмиот удар .