Реклама

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Македонија

Гаши за промената на власта во Србија: Ги поздравувам промените и очекувам позитивен ефект од нив

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска изјави дека оптимистички гледа на промените…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска изјави дека оптимистички гледа на промените во Србија и очекува позитивен ефект од нив. Зборувајќи за геополитичките случувања во регионот и Европа пошироко поврзани со протестите на студентите и граѓаните, тој смета дека новата генерација, младите не сакаат долго време да чекаат и очекуваат исполнување на своите очекувања за подобар живот.  

– Во принцип, јас сум политичар и човек кој гледа оптимистички на работите. Мислам дека секоја промена е позитивна, во принцип треба да биде позитивна. И промените што се случија и во регионот ги поздравувам и очекувам позитивен ефект од истите – изјави Гаши по редовната средба со новинарите. 

Смета дека е добро кога новата генерација, особено студентите, се предводници на протести и имаат поинакви барања и очекувања од своите држави.

Реклама

– Тоа е порака која сите држави, без разлика дали има протести кај вас или не, треба да ја прочитаме.Тоа е порака од новата генерација која не сака да чека, нема долго време за чекање, бара сега, дента да ги исполнат своите очекувања. Мислам дека сите држави, вклучително и нашата, треба да бидеме подготвени за овие нови предизвици кои мислам дека ќе влијаат, ќе ја променат малку геополитичката карта, но ако бидеме паметни и ги прочитаме предвреме овие знаци, можеме да придобиеме од овој бран на промени кои се бараат од новите генерации – реча Гаши.

Студентите, како што посочи, се предводници на протести во неколку држави, но тоа е акумулација на незадоволство на повеќе граѓани, и без разлика дали некој е на власт или во опозиција, треба да се одговори позитивно на барањата на граѓаните.

​На прашањето дали би можело да има прелевање на оваа ситуација со протестите и кај нас, вели дека тој не гледа на тоа како на негативен процес, и потенцира дека Владата и нашето општество ве целина работи интензивно и заеднички да одговори на барањата на граѓаните. 

​- Знам дека барањата и очекувањата секогаш се повисоки од колку можностите кои можеме да ги испорачаме, но ако граѓаните видат дека се трудите, дека сакате да помогнете, мислам дека и трпението е присутно во тој дел. Затоа мислам дека треба предвреме да ги прочитаме овие пораки и да реагираме предвреме – рече Гаши.