Реклама

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Македонија

Клековски: Три лица од ФЗО и две од приватна болница се инволвирани во злоупотреба на средства, за што во тек е полициска акција

Три лица од Фондот за здравствено осигурување и две лица од приватна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Три лица од Фондот за здравствено осигурување и две лица од приватна здравствена установа се инволвирани во случајот со злоупотреба на средства од таа институција за што МВР спроведува акција. Станува збор за повеќе видови на прекршоци, една од најмасовните е двојна наплата на пациентите односно земени се пари од Фондот за одредена услуга за која има договор и таа услуга под различни превези и изговори е наплаќана од пациентите, изјави денеска министерот за здравство Сашо Клековски.

Тој посочи дека акцијата што ја спроведува МВР утринава е повеќемесечна, и е темелена на повеќе од една година истрага.

– Во акцијата е вклучена една приватна здравствена установа која имаше договор со Фондот за здравствено осигурување и неколку лица од Фондот. Станува збор за злоупотреба на средства од Фондот за здравствено осигурување. Се надевам дека МВР наскоро ќе излезе со повеќе детали. Можам само да ја потврдам акцијата, да ја потврдам соработката и да изразам голема благодарност на истрајноста и упорноста на вработените во МВР и на Јавното обвинителство, што конечно една од ситуациите на кои работевме изминатите две години доаѓа до одредена завршница, барем во однос дека ќе има кривични пријави и судска постапка, рече Клековски.

Реклама

Тој потенцира дека во време кога бил директор на Фондот бил иницијатор на истрагата, бидејќи станува збор за здравствена установа која имаше повторувачки прекршоци со години – значи не е една, двапати, трипати, туку постојано повторување на слични прекршоци за кои не било соодветно казнувана.

– Јас предложив на Комисијата за прекршоци, и таа прифати да се раскине договорот со таа здравствена установа за да се прекине ланецот на неказнивост. Истовремено побарав да се покрене истрага. МВР заедно со Секторот за контрола на Фондот за здравствено осигурување напорно работеше да се завршат сите работи. Беа вклучени и Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Агенцијата за лекови и други установи, за од сите аспекти да се затвори истрагата. И благодарам повторно на истрајноста на вработените во МВР на завршената работа, додаде Клековски, одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на настанот во врска со одбележувањето на Светскиот ден на мозочниот удар.