Реклама

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Македонија

Тренинг – академија за новинари и медиумски работници – од иницијатива до реализација

Тригодишната реализација на Тренинг академијата за новинари и медиумски работници (Т-АЈМ) беше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тригодишната реализација на Тренинг академијата за новинари и медиумски работници (Т-АЈМ) беше посветена на унапредување на професионалните знаења и вештини, зголемување на безбедноста и јакнење на капацитетите на новинарите и медиумските работници. Преку обуки, практична едукација и професионално вмрежување, проектот придонесе кон подобрување на условите за слободно, безбедно и етичко новинарство.

Проектот стави силен акцент и на застапувањето засновано на факти, како и на реализацијата на промотивни кампањи кои ја подигнуваат јавната свест за важноста на слободните медиуми за севкупниот општествен развој поставувајќи нови долгорочни стандарди во борбата за независно и безбедно новинарство во државата.

Академијата претставуваше значаен чекор кон создавање посилна, побезбедна и попрофесионална новинарска заедница, нудејќи континуирани можности за едукација, практични обуки и професионално усовршување во услови на брзи промени и нови предизвици во медиумскиот сектор. Посебно внимание беше посветено на стекнувањето практични знаења и вештини, но и на поврзувањето на новинарите и медиумските работници и создавањето мрежа на меѓусебна поддршка.

Реклама

Од април 2025 до септември 2026 година, во рамките на Академијата беа реализирани 19 обуки на кои учествуваа 222 новинари и медиумски работници.

 Обуките беа организирани во шест модули (безбедност во физичкиот и дигиталниот простор, механизми за заштита на новинарите и медиумските слободи, истражувачко новинарство и етичкото известување, справување со стрес и професионално прегорување, и финансиска писменост), на основно и напредно ниво, и опфатија теми што се важни за секојдневната работа на новинарите.

Како дел од активностите, годинава беше организирана и летна школа за млади новинари и медиумски работници, која отвори простор за нови знаења, практична работа, дискусии и професионално вмрежување. Учесниците имаа можност да разговараат за актуелните предизвици во професијата, со посебен акцент на безбедноста, истражувачкото новинарство, етиката и влијанието на новите технологии.

Завршниот настан беше можност да се сумираат постигнатите резултати, но и да се испрати порака дека вложувањето во знаењето, безбедноста и професионалниот развој на новинарите е вложување во слободата на медиумите, демократијата и правото на граѓаните да бидат точно, навремено и професионално информирани.

Во иднина ЗНМ ќе вложува напори Тренинг Академијата за новинари и медиумски работници (Т-АЈМ) да продолжи да функционира, со цел да се обезбеди континуитет на едукативните активности и професионалното усовршување на новинарите и медиумските работници. Амбицијата е Академијата да прерасне во долгорочна платформа за стекнување нови знаења, развој на практични вештини, размена на искуства и градење силна и солидарна новинарска заедница.

Настанот се одржа во рамки на проектот „Тренинг-Академија за новинари и медиумски работници – Т-АЈМ“ финансиран од Европската Унија, . За содржината е одговорно исклучиво Здружението на новинарите на Македонија и таа нужно не ги одразува ставовите на Европската Унија.