Реклама

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Македонија

Мултимедијална изложба „8 секунди“ на Елена Бојаџиева Цветковска вечер во Лабораториум

Насловен „8 секунди“ е мултимедијален проект на Елена Бојаџиева Цветковска што ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Насловен „8 секунди“ е мултимедијален проект на Елена Бојаџиева Цветковска што ја истражува врската меѓу краткотрајната човечка радост и долготрајните последици врз животната средина. Мултимедијалната изложба што ќе бидфе отворена вечер во 19 часот во Лабораториум во Скопје, ја сочинуваат фотографии од напуштените балони кои се придружени со две видеа по 8 секунди создадени со вештачка интелигенција – првото отсликувајќи го минатото на балоните додека второто отвора можни сценарија за нивната иднина.

-На почетокот ги „ловев“ балоните како локална појава. Со текот на времето, оваа визуелна приказна прерасна во регионална и меѓународна, откривајќи колку слични траги оставаме зад себе, независно од местото каде се наоѓаме.
Балоните многу често се инспирација и во уметноста од Банкси и Кусама до белите инсталации на Charles Pétillon. Но што се случува кога ќе исчезне визуелната возбуда? Радоста поминува, а материјалот продолжува да постои како отпад. Прославата продолжува понатаму. И балоните – исто така, вели авторката.

Таа додава дека балоните се вбројуваат во топ 3 најштетни видови отпад за морскиот свет. Истражувањата, посочува, покажале дека нивното присуство е 32 пати поверојатно да предизвика смрт кај морските птици отколку голтањето тврда пластика – потсетник дека еден навидум нежен предмет кој е симбол за среќа може да остави тешки последици.

Реклама

-Намерата не ми е да ја одземам радоста од балонот, туку да отворам простор за преиспитување. Дали сме посреќни со 101 балон отколку со еден? Како ги избираме декорациите и што правиме со нив потоа? Можеме ли преку повторна употреба да му дадеме нов живот на моментот? Ова се прашања на кои се надевам дека ќе најдеме одговори – за радоста да остане. Благодарност до мојот ментор Andrew Hiiling како и до Magda Petford и Natalia Eernstman
за нивната посветеност, поддршка и водење низ целиот процес, наведува Бојаџиева Цветковска.

Проектот е поддржан од Британскиот совет и Black Mountains College преку програмата „Climate Adaptation for Creatives“.

Сите фотографии се спонтано доловени и нережирани. Видеата создадени со вештачка интелигенција прикажуваат замислени сценарија чија цел е да ја подигнат свесноста за проблемот со кој сме опкружени, наведува авторката Елена Бојаџиева Цветковска.