Реклама

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 76-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Македонија

Јаневска: Блиску сме до решение за студентскиот оброк, се разгледува ваучерски системv

– Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека е уверена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека е уверена оти наскоро ќе биде најдено решение за студентскиот оброк. Таа најави дека разговорите со студентските претставници продолжуваат, а денеска е предвидена и средба со премиерот и студентите.

– Имав средба со студентите, со претставници на студентските собранија на неколку универзитети, зборувавме за студентскиот оброк. Апсолутно сум сигурна дека ние решение ќе изнајдеме, но, гледам една мала дисонанца во континуитет на раководството на студентските собранија, а мислам дека не беа сосем доволно информирани за договорите што претходно сме ги имале со студентите и не сме имале никаков проблем во решавањето на студентскиот стандард и сите нивни потреби. Оттука, мислам дека сме блиску до изнаоѓање на решение – истакна министерката Јаневска, одговарајќи на новинарски прашања.

Точно е, рече Јаневска, дека побарале покачување.

Реклама

– Јас не сум рекла дека тие никогаш не побарале, побараа покачување со тоа што ние имаме договор со претходното раководство дека ќе го прошириме опсегот, а нема да ја покачиме сумата. Тоа им беше во тој момент поважно. Опсегот е проширен така како што сме се договориле. Сега тие имаат ново барање. По новото барање сум апсолутно сигурна дека ќе најдеме некаква решение и мислам дека сме блиску до изнаоѓање на решението. Им понудивме ваучерски систем сличен на оној во Словенија, што беше барање на претходното раководство. Дури мислам дека нешто слично има и во некои покраини во Германија или се извинувам во други западноевропски земји – нагласи таа.

Патем појасни дека тие тој ваучер ќе можат да го користат во провајдери за храна – сендвичари, пекари, ресторани кои ќе бидат соодветни за нив, за да ги користат средствата како субвенција за храна, а не за цигари, алкохол и други нивни потреби, оти законот е за субвенција на оброк, на еден оброк.

– ​Дополнително би сакала да кажам дека имаме двојно субвенционирање на оброкот, затоа што студентите кои се сместени во студентски домови веќе имаат храна, но во ред е, ние сакаме да ги задоволиме потребите на нашите млади кои во иднина ја водат оваа држава и ќе се договараме и понатаму со нив. Ќе видиме до кое решение ќе дојдеме и штом дојдеме до некаква решение, ќе бидете информирани – додаде Јаневска.

Таа потврди дека ќе имаат денеска средба со премиерот и студентите.

Осврнувајќи се на барањата за бесплатен јавен и меѓуградски превоз, Јаневска рече дека јавниот превоз не е во надлежност на Министерството за образование и наука. Таа додаде дека за меѓуградскиот превоз во моментов нема законска можност, но дека ова прашање може да се разгледува во иднина, во консултација со студентите.

-Превозот како превоз и состојбата во државата не се во ингеренциите на Министерството за образование и наука. Има друго министерство за тоа и има локална самоуправа која претпоставувам според потребите и го решава превозот. Навистина не сакам да дадам изјава во која немам никаква ингеренција ниту сум доволно запознаена за тоа. ​Во однос на барањата на студентите за меѓуградски превоз, немаме законска можност. Тоа би требало да биде нешто ново што треба да го сработиме во иднина, повторно заедно со нив. И откако ќе го решиме студентскиот оброк ќе поразговараме и за тоа – истакна Јаневкса, одговарајќи на новинарско прашање.