Реклама

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 76-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Македонија

Јаневска: Во моментот нема пријави за корупција во образованието, а доколку има – ќе се постапи според законот 

Во моментот нема пријави за корупција во образованието, а доколку има –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во моментот нема пријави за корупција во образованието, а доколку има – ќе се постапи според законот – нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска во изјава за медиумите пред почетокот на националниот форум „Млади за интегритет – од гласот на младите до институционални промени“, што се одржува денеска во Скопје.

Министерката се заблагодари на „Аналитика“ за спроведување на овој проект со поддршка на германската Влада и германската амбасада во земјата затоа што, нагласи, е од исклучително значење за целото општество и служи за подигање на свеста кај младите во борбата против корупцијата.

-​ Од позиција на министер за образование и наука сметам дека училиштата не се само средини во кои се стекнуваат знаења, компетенции и вештини, туку таму се гради личност со интегритет и со вредносен систем. ​Учениците во нашата земја, освен преку проекти за борбата против корупцијата и негативните влијанија во општеството, учат преку предметот Граѓанско образование. Но такви теми има и во другите предмети, што значи дека застапени се оние знаења што тие треба да ги стекнат за време на процесот на образование. Но, секако, ваквите проекти исклучително многу влијаат и се од помош за развивање на свесноста и за спроведување соодветни постапки при несаканите активности, еве да речеме во образовниот систем – додаде таа.

Реклама
null

На новинарско прашање таа истакна дека учениците треба да се научат дека оценката треба да биде заслужена и дека оценката е нешто што гради вредносен систем.

– Ова го кажувам поради општопознатиот пример дека кај нас многумина ученици имаат петки, а не се еквивалент на нивното знаење. ​Тие треба да научат дека и да згрешат, не е страшно да ја прифатат одговорноста и не треба да бегаат од евентуалните последици, туку да научат на кој начин да се справуваат со тоа. Во минатото имаше примери на пријавена корупција во високото образование и одреден број професори, за кои беше докажано такво однесување, ги поднесоа последиците според законот така како што следува. Иако во јавноста се зборува дека сè уште постојат одредени такви примери – нема пријавено, нема конкретни пријави на кои би можело да се постапува. Во моментот кога ќе ги добиеме, ние секако дека ќе постапиме според законот – нагласи Јаневска.

Таа додаде дека и на анонимни пријави, доколку постои некаква неправилност во работењето на училиштата, ДПИ постапува и носи записник. 

Германската амбасадорка Петра Дрекслер пред денешниот национален младински форум рече дека истражувањето било реализирано во Скопје, Гостивар и Струмица и 54 отсто од младите лица што учествувале биле загрижени за корупцијата во училиштата.

Таа беше прашана за споредба каква е ситуацијата во Германија.

– Јас цитирав студија во која се кажува дека 54 проценти од испитаниците го сметаат тоа, тоа е нивна перцепција. И во Германија го имаме истото тоа, и во Германија механизмите што ни се на располагање се токму преку образованието, да видиме информација и за гледање на тоа каква и која е корупцијата во секојдневието. Имаме секако и превентивни мерки за да се спречи корупцијата, но и кривичко гонење, што сè се применува – одговори Дрекслер на новинарско прашање.

Амбасадорката рече дека и тие работат заедно за да се зајакнат тие механизми и со тоа перцепцијата да се промени.

null

Бојана Мијовиќ-Христовска од „Аналитика“ рече дека веќе втора година се работи овој проект во кој се вклучени млади од осум региони.

– Минатата година „Аналитика“ спроведе истражување кое ни покажа загрижувачки резултати. Меѓутоа, оваа година одиме чекор понапред, значи не остануваме само на препораки, истражување, туку се насочивме директно на соработка со младите, со наставниците, правевме младински акции, едукативни активности, работилници и активности за подигнување на свеста против корупцијата. Оваа година исклучително важно е тоа што ги вклучивме сите осум региони во државата. Работевме во Струга, Делчево, Ресен, Демир Капија, Крива Паланка, Струмица, Гостивар и Скопје. ​Изработивме национален модел, прирачник што ќе им послужи на наставници, ученици и родители, што е богат со едукативни содржини со насоки за превенција, спречување и постапување во случај на неправилности и конкретни механизми за обезбедување средина на одговорност, чесност и транспарентност, односно како учениците треба да се однесуваат кон соучениците, наставниците и така натаму – појасни Мијовиќ-Христовска.

Таа информира дека е надградена мобилната апликација „Глас против корупцијата“ за пријавување корупција.

– Ова е дигитална алатка. Зошто го направивме ова? Затоа што сакаме да бидеме од помош на образовниот процес и да понудиме дигитални алатки кои се блиски и практични до младите. Истовремено, ги вклучивме директно младите во нашите активности, покажавме дека не сме само тука да ги слушаме, туку да ги вклучиме и да им обезбедиме средина во која може да влијаат врз одлуките што се носат во јавниот живот. Така што, младите порачаа дека сакаат да бидат дел од промените, сега останува на нас и на институциите да одговориме на овие промени – нагласи Мијовиќ-Христовска.

Минатата година имале податок дека 51 отсто од наставниците и од учениците би се охрабриле да пријават доколку има безбедна алатка.

– Мобилната апликација е токму тоа – безбеден начин за пријавување. Секако, треба да се работи, затоа и ова го правиме – за да вршиме едукација, за да ги запознаваме, за да ја подигаме свеста за она што значи и како се пријавува неправилност – рече таа.

Маја Христовска, исто така дел од овој проект, им се заблагодари за поддршката на германската амбасада, Министерството за образование и на министерката Јаневска.

-​ Нешто што би дополнила е дека постигнавме уште еден важен резултат, односно изработивме едногодишна програма за антикорупциска едукација во училиштата, а училиштата – нашата програма ја интегрираа во нивната годишна програма за работа. Важно е да напоменам дека кога ја изработувавме оваа годишна програма за антикорупциска едукација, ги користевме насоките и едукативните материјали на Бирото за образование сѐ со цел антикорупциската едукација да добие поконтинуирана и попрактична примена во училиштата – додаде Христовска.

На новинарско прашање таа истакна дека децата знаат што е корупција.

– Децата знаат што е корупција, начелно и препознаваат разни форми на корупција. Нешто што им недостига се начините и механизмите што им стојат на располагање за да се спротивстават на тоа. Нашата борба е младите да не ја нормализираат појавата на корупција – истакна таа во изјава за медиумите.