Реклама

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Македонија

​Општина Кисела Вода започнува со реализација на проектот „Безбедно домување“

​Општина Кисела Вода започнува со реализација на проектот „Безбедно домување“, кој има…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

​Општина Кисела Вода започнува со реализација на проектот „Безбедно домување“, кој има за цел надминување на предизвиците со кои се соочуваат управителите на згради, куќните совети и заедниците на станари.

На неодамна одржаната работна средба со претставниците на куќните совети и заедниците на станари, на која покрај градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска и општинските инспекциски служби присуствуваше и претседателот на Регулаторната комисија за домување, Никола Затуроски, беше отворен отворен дијалог за сите потреби, предизвици и секојдневни проблеми од оваа сфера со кои се соочуваат граѓаните. Во фокусот на тогашната дискусија беа дефинирани неколку основни приоритети: редовната проверка и одржување на станбените и заедничките делови, противпожарната безбедност и проодноста на евакуациските патишта, брзата реакција и навременото пријавување оштетувања, како и почитувањето на Законот за домување.

Со цел институционално и ефективно надминување на отворените прашања во оваа сфера, отвораме специјална електронска адреса: [email protected]. Преку овој наменски канал ја унапредуваме директната комуникација со општинските инспекциски служби, овозможувајќи им на граѓаните, управителите и куќните совети уште поблиска соработка. Нашата цел е преку доследно почитување на законските можности, права и обврски, заеднички да воведеме поголем ред и сигурност во секој станбен објект.

Реклама

-На минатонеделниот работен состанок со куќните совети и Регулаторната комисија за домување, ги детектиравме клучните предизвици, со јасна цел како локална самоуправа заедно со инспекциските служби да започнеме сеопфатен процес за ставање ред и надминување на сите отворени прашања во оваа сфера. Преку овој проект им овозможуваме на граѓаните и управителите директна комуникација со општинските инспекциски служби за побрза реакција на терен, со цел преку почитување на законските можности, права и обврски да обезбедиме поголема сигурност и ред за сите наши жители – изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.