Реклама

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Македонија

Клековски на маргините на регионалниот комитет на СЗО се сретна со министерот за здравство на Чешка, УНФПА и со кандидати за генерален директор на СЗО

На маргините на 76-тата седница на регионалниот комитет на Светската здравствена организација…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На маргините на 76-тата седница на регионалниот комитет на Светската здравствена организација за Европа, министерот за здравство Сашо Клековски вчера оствари повеќе билатерални средби, меѓу кои со министерот за здравство на Чешка, Адам Војтјех, разговараа за можностите за билатерална соработка и размена на искуства – соопшти Министерството за здравство.

Министерот Клековски се заблагодари за чешката поддршка во справувањето со трагедијата во Кочани и ги претстави здравствените приоритети. Тој се сретна и со Евис Сала, поранешна министерка за здравство и социјална заштита на Албанија. На средбите министерот беше придружуван од амбасадорот на Македонија во Данска, Фадил Зендели. 

Клековски се сретна со Флоренс Бауер, регионална директорка на Фондот на ОН за население (УНФПА) за Источна Европа и Централна Азија. Разговараа за соработката во областа на демографските предизвици со кои се соочуваат земјите од регионот.

Реклама

Министерот оствари средби и со двајца од кандидатите за нов генерален директор на СЗО: д-р Ханс Клуге од Белгија, регионален директор на СЗО за Европа, и д-р Ханан ал-Кувари, поранешна министерка за јавно здравје на Катар. Министерот Клековски ги истакна приоритетите на нашата земја и потребата од силна поддршка на СЗО за земјите од европскиот регион, стои во соопштението.