Фатени четворицата осомничени убијци кои на ѕверски начин со мачење убија 62 годишен маж и 76 годишна жена во Ѓорче Петров. Тие се веќе во полициска станица, а обвинителството побара кус притвор за да ги докомплетира доказите. Мотивот најверојтно бил кражба на пари и злато.
„СВР Скопје во текот на вчерашниот ден (27.10.2026) лиши од слобода четири лица, А.С.(22), Х.Е.(20), К.А.(58) сите од Скопје и М.Р.(26) од Струмица, кои се сомничат за двете кривични дела „разбојништво“ со последица смрт по член 237 став 5 од Кривичниот законик извршени на територија на скопски Хром на 22.10.2026 и Ѓорче Петров на 27.10.2026“, соопшти МВР
Надлежните најавуваат дека откако ќе бидат целосно комплетирани доказите ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Неофицијално и двете убиства биле извршени на речиси идентичен начин при кражба во домовите на жрвите. Убиените се пронајдени со врзана уста и со слични траги на насилство по целото тело. Осомничените убијци веројатно биле добро информирани дека жртвите поседувале одредена сума на пари и злато. Неофицијално осомничените по убиствата биле лоцирани и како се движат околу казина во Скопје – информација за која потврда треба да даде истрагата.
Обдукцијата пак ќе покаже дали повредите се резултат на крвничко тепање или удари со некаков предмет, и дали поради тоа настапила смртта или можеби станува збор за задушување.

