Две лица се лишени од слобода во одделни полициски акции во Кавадарци и неготинско, при кои биле пронајдени и одземени дрога, дигитални ваги, пари и други предмети, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Во неготинското село Војшанци, на 16 октомври во 12:30 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода А.С. (60). При претрес во неговиот дом, извршен врз основа на судска наредба од Основниот суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, семки, дигитална вага, дробилка, пари и други предмети. Лицето било задржано во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител.
Истиот ден во 13 часот, полициски службеници од мобилниот тим „Task Force“ при ОВР Кавадарци го лишиле од слобода А.С. (35) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, исто така извршен со судска наредба од Основниот суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на двата случаи, против приведените лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.

