Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Јанев и Пандов разговараа за зајакнувањето на оперативно-разузнавачките капацитети во затворите

Разгледувањето на актуелните состојби во казнено-поправните установи, со посебен акцент на КПУ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Разгледувањето на актуелните состојби во казнено-поправните установи, со посебен акцент на КПУ „Идризово“ и КПУ „Скопје“, се дел од темите на кои на денешната средба разговарале директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев со директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов.

Во фокусот на разговорите, како што соопштиМинистерството за внатрешни работи, биле зајакнувањето на оперативно-разузнавачките капацитети во затворите, навременото откривање и предвидување на безбедносните ризици, како и спречувањето криминални активности поврзани со затворскиот систем. Беше разговарано и за воведувањето електронски надзор со електронски алки при извршувањето на куќниот притвор и куќниот затвор.

На средбата, како што се наведува во соопштението, било истакната важноста на континуираната размена на информации, меѓуинституционалната соработка и координираното постапување, со цел навремена превенција, поефикасно спречување на криминалот и унапредување на безбедноста на граѓаните.

Реклама

-Двете институции продолжуваат со партнерски пристап и координирани активности за зајакнување на безбедносните капацитети, во интерес на граѓаните и стабилноста на државата – посочуваат од МВР.