Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Крушево се сеќава на Тоше: 19 години без Тоше Проески, 19-ти пат пристигнаа маратонците за Тоше

Со црвени рози, со песните на Тоше и со спомени денеска во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со црвени рози, со песните на Тоше и со спомени денеска во Крушево, по 19-ти пат беа пречекани 14-те маратонци кои трчаа од Нова Градишка, Хрватска, до Крушево, на Гумење, до вечното почивалите на Тоше, во негова чест и за незаборав. 

Маратонците ги прегрнаа спомените за Тоше, но и винил албумот на Тоше Проески „Игри Без граници“.

-Тргнавме, пред два дена, од Нова Градишка, од спомен-обележјето поставено за Тоше каде што тој загина во сообраќајната несреќа на 16 октомври 2007 година. Тргнавме од местото на тагата, од местото од каде хеликоптерот на АРМ пред 19 години го пренесе телото на Тоше Проески. По 19-ти пат го истрчавме патот до Гумење во Крушево, до вечното почивалиште на Тоше. Имавме делови напорни за трчање, ама бевме подготвени,но со пожртвуваноста истрчавме до целта. Сето тоа е за Тоше. Живи здрави го истрчавме 19. ултрамаратон и на Гумење дојдовме да се поклониме пред вечното почивалиште на нашиот ангел-чувар,Тоше Проески. Нашата мисија е не кој колку ќе истрча, туку да стигнеме и да му помогнеме секому кому му треба помош, како што правеше Тоше – изјави маратонецот Наум Капричевски. 

Реклама

Маратонците се поклонија на вечното почивалиште на Тоше, ја запалија и рачно изработената свеќа на отец Кирко Велински од црквата „Света Злата Мегленска“ од Загреб. Маратонците добија и винил плоча на албумот насловен „Без граници“ на Тоше Проески. 

На гробот на Тоше беа и неговите поддржувачи и обожуватели од сите генерации. Хрватката Стела Прислан Фујс 19 години е во Крушево за сите спомени за Тоше.

-19 години како да беа вчера. Тоа ќе биде засекогаш. Верувам дека Тоше е игра без граници, чоивек без граници, љубов без граници, енергија без граници и тоа нема крај – рече Стела Прислан Фујс. 

Ученичката од Крушево Јана Цветкоска, родена по Тоше, вели дека Тоше е во незаборав.

– Ние правиме паноа за Тоше, ги пишуваме и ги слушаме неговите стихови. Тоше вечно е во сеќавањата – рече Јана.

Спомен куќата на Гумење, „Тодор Проески“ ги понуди на нов увид 380-те експонати, а уште толку се во депото. 

– Овој ден не е за радување, туку за тага по Тоше. Загубивме голема личност, а 16 октомври е денот на бесконечноста на Тоше. Македонија загуби голем музичар и амбасадор. Денес, во спомен-куќата се присеќававме на животот на тоше, на неговите стихови и песни, ги пречекавме достојно маратонците. Ова е еден од најпосетуваните музеи кај нас од цел свет – рече Зоран Николоски, директор на Спомен-домот „Тодор Проески“ на Гумење во Крушево.

Крушевчани, традиционално, маратонците ги пречекаа со црвени рози.