Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Промовиран учебникот „Превентивна стоматологија“ за унапредување на оралното здравје

Учебникот „Превентивна стоматологија“, во издание на „Арс Ламина“, кој ги обединува современите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Учебникот „Превентивна стоматологија“, во издание на „Арс Ламина“, кој ги обединува современите научни сознанија и практичните пристапи за спречување на оралните заболувања, денеска беше промовиран во амфитеатарот на Стоматолошкиот факултет во Скопје.

Како што стои во соопштението на „Арс Ламина“, на промоцијата беше истакнато значењето на превенцијата, раното откривање на заболувањата и континуираната едукација на студентите и стоматолозите.

Деканката на Стоматолошкиот факултет, Соња Апостолска, нагласи дека создавањето квалитетни учебници и стручна литература е важен дел од академската мисија.

Реклама

– Вистинската вредност на знаењето не е само во она што го знаеме, туку и во она што преку него го правиме за другите. Кога знаењето се претвора во превенција, превенцијата во здравје, а здравјето во подобар и поквалитетен живот, тогаш нашата академска мисија ја добива својата вистинска смисла – истакна Апостолска.

Промоторот на учебникот, Дејан Марковиќ од Белград, ја нагласи хуманата димензија на превентивната стоматологија и нејзиното значење за образованието на стоматолозите.

– Ниту една друга гранка на стоматологијата не ја отсликува толку непосредно Хипократовата заклетва и обврската да се грижиме за здравјето на оние што ни ја довериле својата грижа. Превентивната стоматологија можеби не е најатрактивната или најпрофитабилната гранка, но несомнено е една од најхуманите и најзначајните за пациентите – истакна Марковиќ.

Учебникот е дело на 12 професори и стручњаци од Стоматолошкиот факултет во Скопје, предводени од уредничката проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска. 

Книгата содржи 19 поглавја и три апендикси, посветени на примарната, секундарната и терцијарната превенција, факторите на ризик за оралните заболувања и современите методи за нивно спречување. Опфатени се оралната хигиена, флуоридната профилакса, исхраната, контролата на денталниот плак, раната детекција и примената на дигиталните технологии во стоматологијата.

Главната уредничка во „Арс Ламина“, Бранка Бугариска, истакна дека стручната литература на македонски јазик е важна за образованието и професионалното усовршување на стоматолозите. – Особено сме горди што „Арс Ламина“ е издавач на ова значајно академско дело, зад кое стојат дванаесет автори – истакнати професори и стручњаци од Стоматолошкиот факултет во Скопје, предводени од проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска – истакна Бугариска.

Учебникот е наменет првенствено за студентите по дентална медицина, но и за специјализантите, стоматолозите и другите здравствени професионалци. Изданието е продолжение на соработката на „Арс Ламина“ со авторскиот тим, по објавувањето на учебникот „Детска стоматологија“. Книгата е достапна во книжарниците на „Литература.мк“, во поголемите книжарници низ земјава и онлајн на literatura.mk.