Министерот за локална самоуправа, Иван Стоилковиќ, учествуваше на панел-дискусија во Белград посветена на демографските предизвици, локалните решенија и меѓународната соработка.
Стоилковиќ ги пренесе искуствата на РС Македонија во зајакнувањето на локалните самоуправи, со посебен акцент на Ресурсниот центар за поддршка на општините, единствениот регистар на даночните обврзници како можност за финансиска консолидација и новиот закон за меѓуопштинска соработка.
-Местото на живеење не смее да биде ограничување за личниот и професионалниот развој. Граѓаните треба да имаат реална можност да живеат и да работат во својата општина, без да бидат принудени да заминат поради недостиг на основни услови и можности – рече Стоилковиќ.

На панелот учествуваа и министерката за грижа за семејството и демографија на Република Србија, Јелена Жариќ-Ковачевиќ, Џејран Рахматулајева, шеф на Кабинетот на Државниот комитет за прашања на семејството, жените и децата на Република Азербејџан, Фабио Лоса, регионален советник на ООН за Источна и Централна Европа, и Јакуп Бериш, резидентен претставник на УНДП во Србија.

