Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Економија

„Куманово гас“ подготвено за грејната сезона

Корисниците на природен гас во Куманово од денеска можат да ги активираат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Корисниците на природен гас во Куманово од денеска можат да ги активираат системите за греење, откако ги завршија потребните проверки и контроли. Од „Куманово-гас“ очекуваат цената на гасот да биде нешто повисока во однос на летниот период, а во тек се и проекти за проширување на дистрибутивната мрежа кон индустриските зони и нови јавни објекти.

– Секоја година во летните месеци, кога потрошувачката на природен гас е намалена, паѓа и цената. Со почетокот на грејната сезона очекуваме таа малку да се зголеми во однос на летниот период. Цената за оваа грејна сезона ќе зависи од светските берзи- изјави директорот на ЈП „Куманово Гас“ Марко  Митровски.

Институциите што веќе се приклучени на дистрибутивната мрежа на „Куманово-гас“ ги завршиле испитувањата и контролите на своите системи за греење и се подготвени за претстојната сезона.

Реклама

Меѓу новите поголеми потрошувачи што се очекува да почнат да користат природен гас се Основниот суд Куманово, Секторот за внатрешни работи Куманово и Центарот за вработување. Овие институции беа приклучени на мрежата лани, но поради претходно обезбедените количини на нафта за греење не почнаа веднаш да го користат гасот. За оваа грејна сезона веќе распишале тендери за набавка на природен гас. На дистрибутивната мрежа се приклучени и основните училишта „Браќа Миладиновци“, „Крсте Мисирков“ во Соколана и Основното музичко училиште „Панче Пешев“.

Според податоците на претпријатието, моментално има 39 правни и 205 физички лица приклучени на мрежата. Во бројот на правните лица се вклучени и три станбени згради со централизирано греење, во кои природниот гас се користи за загревање на околу 200 станбени единици.

„Куманово-гас“ работи на проширување на дистрибутивната мрежа кон индустриските зони. Во фаза на проектирање се два поголеми капитални проекта за изградба на мрежа до индустриските зони Новине и Речица. Од претпријатието очекуваат во текот на наредната година да ја добијат комплетната проектна документација и потребните одобренија за градба. Се подготвува и проект за нова дистрибутивна мрежа и мерно-регулациска станица на улицата Индустриска, со која треба да се опфатат и улиците „Железничка“ и „11 Ноември“. На ова подрачје се предвидени приклучоци за повеќе државни институции, јавни објекти и приватни компании.

Меѓу потенцијалните корисници се касарната „Боро Менков“, новото училиште во населбата Бедиње, факултетот што веќе функционира неколку години, Центарот за управување со кризи, како и други правни и физички лица што изразиле интерес за приклучување.

Во тек е и изработка на проектна документација за проширување на мрежата во индустриската зона Доброшане. Дистрибутивната мрежа веќе стигна до зоната, лани, но за да се овозможат приклучоци на компаниите што работат таму, потребно е да се проектира и изгради соодветна инфраструктура во рамките на самата зона.

Митровски посочува дека проширувањето на мрежата и приклучувањето на поголемите потрошувачи се значајни и од аспект на намалувањето на аерозагадувањето во Куманово. Претпријатието секоја година приклучува нови правни лица, главно во централното градско подрачје, кои ги заменуваат системите за греење на нафта со користење природен гас.

– Природниот гас при согорувањето ослободува помалку јаглерод диоксид и значително помалку цврсти честички во споредба со нафтата. Во грејната сезона 2025/2026 година дистрибуиравме околу 586.000  нормални метри кубни природен гас со што е заменета употребата на приближно 586.000 литри нафта. Минатата година до корисниците испоралавме шест милиони 804 илјади 208 KWH. Бидејќи најголем дел од овие објекти се наоѓаат во централното градско подрачје, каде што загадувањето е најизразено, преминувањето на почист енергенс има значење за квалитетот на воздухот – вели Митровски.

Тој појаснува дека податоците за заменетите количества нафта се однесуваат на анализите на претпријатието, а не на директни мерења на влијанието врз квалитетот на воздухот. Заинтересираните имаат на располагање  субвенции. Општина Куманово доделува субвенција од 25.000 денари за приклучок на дистрибутивната мрежа, а мерката е достапна во текот на целата година.

Дополнително, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини предвидува субвенција од 30.000 денари за домаќинствата што веќе имаат приклучок на мрежата, но немаат инсталирано гасен котел. Средствата се наменети за покривање на дел од трошоците за набавка на котелот.