Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Прилози

Инвестиции во образованието – пуштен во употреба новиот објект на ОУ „Крсте Мисирков“ во Ченто

Нови училишта, градинки, спортски сали. Повеќе од 1.200 проекти, десетици милиони евра…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нови училишта, градинки, спортски сали. Повеќе од 1.200 проекти, десетици милиони евра вложувања. Се работи на модернизација на инфраструктурата во образованието, со цел учениците да добијат подобри услови за учење. Еден од проектите е и новиот објектет на основното училиште Крсте Мисирков“ во скопската населба Ченто.  Има два спрата со 30 училници и вкупна површина од 3.128 квадратни метри.  Вредноста на инвестицијата е 170 милиони денари. 

„Значаен е уште повеќе затоа што до пред некој година овде постоеа само бараки коишто се оставени тука од времето на земјотресот практично, 50 и повеќе години, децата учеа во би рекол субстандардни услови, за разлика од тоа што денес може да го видите, навистина едни европски услови. Е сега останува само тоа да се одржува и да се чува. Ние продолжуваме и понатаму да градиме, она коешто го прави оваа Влада се повеќе од 1.200 проекти коишто ги работиме заедно со општините како резултат на децентрализација на средствата од централниот буџет кон општините“, рече Мицкоски.

За општината е многу важно што со поддршка од Владата проектите се разлизираат. Градоначалникот најавува и нови.

Реклама

„Обијект кои што се состои од 30 кабинети со капацитет од 713 ученици. Вкупната инвестицја на овој проект е 170 милиони денари. Она што сакам да го напоменам е дека образованието останува во нашиот фокус на дејствување. Освен отворањето на ова училиште, интензивно работиме и на изградба на нова училишна спортска сала во Железара и проширување на капацитетите на новите училишта „Његош“ во Јурумлери и „Крум Тошев“ во Трубарево и за неколку денови од денес ќе ја пуштиме во употреба и новата спортска сала во Црешево.“, изјави Бобан Стефковски, градоначалник на Гази Баба.

Инаку образованието останува еден од главните приоритети на Владата.Освен изградбата на нови училишта, се реновираат студентски домови,а  студентите добиваат надомест за топол оброк околу 3600 денари месечно.