Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Прилози

Еден милион туристи и три милиони ноќевања за само осум месеци-Македонија станува се поатрактивна туристичка дестинација

Еден милион туристи и близу 3 милиона преноќувања за само осум месеци. Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Еден милион туристи и близу 3 милиона преноќувања за само осум месеци. Македонија се повеќе се позиционира како привлечна и сè попозната дестинација на европската и светската туристичка мапа. Податоците влеваат надеж дека туризмот ќе продолжи уште повеќе да се развива, а Владата вели дека бројките од Државниот завод за статистика се потврда за заложбите.

–Предвреме ќе ја постигнеме целта на почеток од годината која што сами си ја зададовме. Но она што повеќе ме радува е навистина големиот бум кој што се случи во летните месеци, јули и август и кој што траеше и месеците потоа-истакна премиерот Христијан Мицкоски.

Особено атрактивна дестинација Маедонија била за време на летниот период, а се повеќе места во земјава стануваат привлечни за посетителите. И светските медиуми се почесто преку репортажи посветуваат внимание на убавините на земјава, а особено ги истакнуваат планините, езерата, храната,  виното, старите чаршии, манастирите.  

Реклама

Да речеме во август бројот на туристи  од странство споредено со истиот месец минатата година  е поголем за 11, 1 проценти  а бројот на преноќувања  е за повеќе од 20 проценти поголем што преставува навистина нешто кое што сите нас пријатно не изненади  но и потврда на заложбите на владата да ги промовира туристичките потенцијали на земјата и на тој начин  да привлекуваме туристи. Тука е и Договорот кој што го потпишуваме со Туристички агенции кои што носат туристи и тука не треба да се заборави фактот дека дојдовните и патниците кои што патуваат надвор од земјата на нашите аеродроми за 30 проценти е зголемен-истакна премиерот Христијан Мицкоски.

Најмногу туристи во зејава дошле од Турција, Србија, Романија и Германија. А туризмот како што покажуваат споредбените анализи е особено  зголемен и со пуштањето на нови авиолинии. Во последниве години воведени се  нови 28 авиолинии, а најавени се и директни летови до Подгорица и Дубаи.