Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Божиновска: Зелената транзиција отвора нови можности за младите инженери

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше на Саемот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше на Саемот за пракса и вработување TECHMECH 2026 на Машинскиот факултет, каде ги посети штандовите на компаниите и се запозна со можностите за пракса и вработување на младите инженери.

На панел-дискусијата посветена на зелената транзиција, Божиновска истакна дека обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност и новите технологии се важни двигатели на индустрискиот развој и конкурентноста.

-Нашата цел не е само да произведуваме повеќе чиста енергија, туку да изградиме економија што ќе ја користи енергијата поефикасно, ќе создава поголема додадена вредност и квалитетни работни места – нагласи Божиновска.

Реклама

Божиновска, како што информираат од Министерството, ја потенцирала и важноста од поврзувањето на образованието со стопанството преку практична работа, заеднички проекти и истражување, со цел младите да ги применат своите знаења и да ја градат професионалната иднина во државата.

-Младите инженери и претприемачи имаат потенцијал своите идеи да ги претворат во иновативни решенија што ќе придонесат за модернизација на индустријата и економскиот развој – порача Божиновска.

Саемот TECHMECH 2026 овозможува директно поврзување на студентите со компаниите и отворање нови можности за професионален развој и вработување.