Општина Неготино потпиша договор за обезбедување финансиски средства во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Грција и Македонија, преку проектот „CultiSport“.
Станува збор за средства во износ од 273.435 евра, наменети за Општина Неготино како дел од имплементацијата на проектот „Поддршка на спортскиот туризам и неговата поврзаност со културата во прекуграничната област“.
Средствата, како што информираат од Општината, ќе бидат искористени за реализација на главната проектна активност, која предвидува уредување на дел од спортско-рекреативниот центар во Неготино, како и уредување на парковска површина во негов состав.
Во проектот партнери се Општина Пела, Општина Неготино, Општина Солун и Олимпискиот музеј во Солун.

