Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Економија

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Царинската управа со експерти од Хрватска, активно работи на изготвување на новите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Царинската управа со експерти од Хрватска, активно работи на изготвување на новите царински подзаконски акти за спроведување на новиот Царински закон, чија суштина е подобрување на условите за водење бизнис и побрза интеграција во единствениот пазар на ЕУ, преку создавање на целосно дигитално царинско работење и целосна усогласеност со системите што се користат во ЕУ.

Директорот Бобан Николовски со својот тим денеска одржа состанок со висока делегација од хрватска Царина, во чиј фокус беше изготовување на Уредбата за спроведување на новиот Царински закон, за кој, предлог текстот е во финална фаза.

Николовски вели дека искуството во изготовувањето на царинските подзаконски акти на хрватска Царина, како земја членка на ЕУ, е од огромно значење за нашата држава бидејќи истите ќе овозможат царината да делува како катализатор на економијата. Изготвувањето на новата Уредба се спроведува во рамки на Твининг проект на ЕУ „Изработка на регулативи за имплементација на UCC на ЕУ во Македонија“ за што преку Европската унија се обезбедени 250 илјади евра.

Реклама

„Нашата визија е јасна: модерна, дигитализирана и ефикасна царинска администрација, која ја олеснува и поддржува легалната трговија, а истовремено обезбедува силна и професионална заштита на границите. Ова е патот кон европска Царина – Царина што создава услови за економски развој, ја јакне довербата во институциите и е подготвена за идните предизвици“, истакна директорот Николовски.

Од страна на хрватската Царина беше истакнато дека продолжувањето на партнерството е одраз на одличните партнерски односи помеѓу државите кои дополнително се зајакнати со Договорот за стратешка соработка на меѓувладино ниво и Меморандумот за соработка меѓу царинските управи потпишан во септември годинава. Искуството на двете управи во спроведување на твининг проекти како механизам за трансфер на знаење и искуство воедно претставува силна гаранција за ефикасна соработка. 

„Целите на проектот се фокусирани на подобрување на деловните процеси и царинските постапки преку понатамошно усогласување на националното законодавство со законодавството на ЕУ, како и модернизација и развој на царинските информациски системи на РС Македонија“, истакна Жељко Фрањиќ, заменик директор на Царинска управа на Република Хрватска.

На состанокот воедно беше ставен акцент и на оперативната соработка помеѓу двете институции која како што беше истакнато е клучна за сузбивање на транснационалниот криминал и заштита на границите.