Не е само Михаилова, по сè изгледа, скандал-мајстор во целиот случај е и нејзиниот бугарски адвокат Николај Димитров, кој и претходно бил поврзуван со серија контроверзни случаи.
Имено, пред само три месеци, тој влезе во отворен судир со татко чии 12-годишна ќерка загинала исто така во сообраќајна несреќа. Во настап на бугарската телевизија „Нова“, тој беше обвинет од Николај Попов, таткото на загинатото девојче, дека вработил насилен боксер за да го следи.
Станува збор за случај во кој таткото изнесува тврдење за постоење на таканаречена „патна мафија“, која успеала да се инфилтрира и во бугарските институции. Во телевизиската дебата Попов тврди дека добивал закани од декември, но и дека му биле нудени поволности за да молчи.
И тука настанува голема кавга, по што водителот го замолува адвокатот Димитров да го напушти студиото бидејќи ги поминал границите на нормалноста со својот вулгарен речник. Еве дел од таа дебата на бугарската телевизија.

