Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Бугарскиот амбасадор повикан во МНР: Пречекот на Михајлова во Софија е провокација и ги подрива напорите за доверба и добрососедски односи

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска го повика бугарскиот амбасадор…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска го повика бугарскиот амбасадор во земјата, Желјазко Радуков, во врска со случувањата поврзани со Ива Михајлова, при што му беше пренесено дека начинот на кој таа била пречекана во Софија, вклучително и најавите за нејзин прием на високо ниво, претставува провокација и ги подрива напорите за градење доверба и развој на добрососедските односи.

На средбата било нагласено дека ваквото постапување претставува директно навлегување во правниот систем на државата и испраќа сериозно погрешна порака во однос на почитувањето на судските постапки и принципот на еднаквост пред законот.

– Националната припадност или поседувањето друго државјанство не смее да служат како основа за заштита од одговорност пред надлежните институции – било посочено на средбата, се додава во соопштението.

Реклама

Од МНРиНТ нагласија дека од Бугарија како членка на Европската Унија очекуваат постапување во согласност со основните европски принципи, вклучително и почитување на судските постапки, институционална соработка и владеење на правото.

– На амбасадорот му беше пренесено дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ќе преземе соодветни чекори за информирање на меѓународните институции, особено институциите на Европската Унија и Советот на Европа. На средбата уште еднаш беше нагласена нашата посветеност на развојот на добрососедските односи, засновани на меѓусебно почитување, доверба и европски принципи, при што иста ваква посветеност и одговорност очекуваме и од бугарска страна – се нагласува во соопштението од МНРиНТ.

Ива Михајлова, која во Македонија е обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици, деновиве избега во Бугарија.

За Михајлова, која има и бугарско државјанство, во сила е активна судска забрана за напуштање на земјата.

Македонското МВР претходно соопшти дека таа нелегално излегла од Македонија и нелегално влегла во Бугарија.

– Преку заедничкиот контакт-центар со Република Бугарија извршени се проверки и од страна на бугарската гранична полиција, од каде што е добиена информација дека за наведеното лице нема евидентиран легален влез на територијата на Република Бугарија – соопшти попладнево МВР.

Медиумите во Бугарија објавија дека Михајлова се наоѓа во Софија.