Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Јавното обвинителство од Кочани побара притвор за бегалелката Ива Михаилова

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Отворање на првиот Едукативно – технолошки центар за развој на пчеларството во Македонија

Во рамки на проектот „Жените пчеларки како двигатели на позитивни промени во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на проектот „Жените пчеларки како двигатели на позитивни промени во Македонија“, финансиран од Владата на Словенија, задутре ќе биде отворен Националниот пчеларски центар, прв од ваков тип во земјава.

Како што информира Развојната и хумантирна агенција АДРА Македонија, Центарот ќе биде регионален катализатор на знаење, каде пчеларите, особено жените претприемачи во пчеларството, ќе можат практично да се запознаат со напредните технологии за екстракција, преработка и пакување на пчелните производи во согласност со највисоките хигиенски и технолошки стандарди.

-Современите предизвици во пчеларството бараат стручен пристап, едукација и соодветна техничка опременост. Новоотворениот погон е опремен со современа професионална опрема и нагледни средства. Преку организирани обуки, работилници и практични демонстрации,центарот ќе овозможи пренос на стручни знаења,подигање на квалитетот на македонскиот мед и зголемување на конкурентноста на пазарот, наведуваат од АДРА.

Реклама

Проектот „Жените пчеларки како двигатели на позитивни промени во Македонија“ веќе четврта година се имплементира од страна на Развојната и хумантирна агенција АДРА Македонија.