Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Претставување на кандидатите за нов шеф на ОЈО ГОКК пред Советот на јавните обвинители

Советот на јавните обвинители денеска во 11 часот ќе одржи седница, на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Советот на јавните обвинители денеска во 11 часот ќе одржи седница, на која своите кандидатури ќе ги претстават петте пријавени кандидати за основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Скопје (ОЈО ГОКК).

Во трка за функцијата, според официјалната кандидатска листа, се вишиот јавен обвинител Јован Цветановски, обвинителот во Вишото јавно обвинителство и поранешен обвинител во СЈО, Трајче Пеливанов, обвинителката од ОЈО Скопје, Лидија Раичевиќ, како и обвинителите од ОЈО ГОКК, Искра Хаџи-Василева и Фатон Азизи.

Во Комисијата за спроведување на изборот, што ја формира Советот на јавните обвинители, членуваат Ермон Незири, Светлана Стојковиќ и Кети Петкова. Изборот ќе се спроведе на 28 октомври во периодот од 8 до 16 часот со тајно и непосредно гласање на јавните обвинители.

Реклама

Постапката се спроведува поради истекување на мандатот на актуелниот раководител Ислам Абази, кој беше избран на функцијата во октомври 2022 година.

Огласот за избор на основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК беше објавен во „Службен весник“ на 21 август годинава.