Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Минералното богатство на Македонија со долгорочна развојна рамка до 2046 година

Стратегијата за геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стратегијата за геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини за периодот 2026–2046 година ги утврдува приоритетите за современи геолошки истражувања, одговорно користење на минералното богатство и создавање услови за долгорочни вложувања, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Македонија преку долгорочен план, наведува Министерството, ќе создаде услови за подобро искористување на својот геолошки потенцијал и негово претворање во инвестиции, индустриски развој, нови работни места и поголема додадена вредност за домашната економија.

-Македонија располага со разновиден геолошки потенцијал, во кој се олово, цинк, бакар, злато, антимон и никел, како и мермер, травертин, гранит и варовник. Еден од главните приоритети е поголем дел од економската вредност да се создава во земјата. Тоа подразбира поголема поврзаност на рударството со домашното производство, развој на преработувачки и други индустриски капацитети и примена на современи технологии. Подобреното геолошко истражување ќе овозможи попрецизно утврдување на потенцијалот и навремено планирање на идните вложувања. Со тоа се отвора простор за нови деловни активности и јакнење на домашните производни капацитети, посочува Министерството, додавајќи дека паралелно се поставуваат повисоки стандарди за заштита на животната средина, транспарентност и заштита на јавниот интерес. 

Реклама

Стратегијата е усогласена со европските политики, вклучително и Европскиот акт за критични суровини, што создава можности за поголемо вклучување на Македонија во европските индустриски синџири.

Документот е подготвен преку стручна соработка на Македонската академија на науките и уметностите и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, со учество на експерти и консултации со релевантни институции и стручната јавност.

Стратегијата е донесена од Владата, по предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, и претставува долгорочна рамка за развој на геолошките истражувања и рударството до 2046 година.

-Со овој документ се создава основа минералното богатство да не биде само предмет на експлоатација, туку двигател на домашната индустрија, инвестициите и долгорочниот економски развој, со одговорно управување и зачувување на животната средина, информира Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.