Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска со почеток во 11:15 часот, на Скопската тврдина Кале, ќе изврши увид во завршните работи на објектите на Музејот на Праисторија и Музејот на Османлискиот период.
Како што соопштуваат од Управа за заштита на културното наследство, станува збор за активности опфатени со целосна санација и адаптација на двата објекта, со што се создаваат услови за нивно ставање во функција и збогатување на музејската и културната понуда на Скопската тврдина Кале.
На настанот ќе присуствуваат претставници на надлежните институции вклучени во реализацијата на активностите.
Од Владата информираат дека е предвидено премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите.

