Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Мицкоски: Филипче прво да одговори како се стига до златна виза и јахта во Паљури

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервјуто за Алсат М го коментираше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервјуто за Алсат М го коментираше барањето на опозицијата и конкретно на Венко Филипче за ветинг. Мицкоски посочи дека тој нема никаков проблем со тоа барање, дури ако сакаат, како што рече, нека се прошири на семејствата и ако треба и да се воведе и полиграф. Премиерот истакна дека претходно, во време на власта на СДСМ и ДУИ, тој и неговото смејство биле целосно проверени.

„Но, тоа не е битно. Прво треба да дадеме одговор на едно прашање, зошто ако веруваа во ветинг го сменија Кривичниот законик со европско знаме и го избришаа членот 353? Зошто? Еве, ако се толку големи европејци и чесни политичари, зошто тоа го правеа? Јас само поставувам морална дилема.  Вие ќе излезете во јавноста, „ветинг“, убав збор „ветинг“ и сега мислите ќе ги импресионирате граѓаните. Не.  Вие треба  да одговорите на едноставно прашање, зошто го изменивте Кривичниот законик за политички да се амнестирате, ако верувавте во владеење на правото? И конечно треба да дадете одговор како се стекнува златна виза во Дубаи и дали влијаеше позитивно или негативно Д3 витаминот на јахтата во Паљури? Немам никаков проблем, но прво да дадеме одговор, како тинејџери стануваат сопственици на трговски центри? Еве, прво на тоа да дадеме одговор.“, потенцираше премиерот Мицкоски во синоќешното гостување на една од телевизиите.