Корисниците од ул. „Ванчо Мицков“ и дел од ул. „Демир Трајко“ во Карпош ќе немаат вода поради поврзување на нова водоводна мрежа и уличен дефект на ул. „Ванчо Мицков“ бр. 13.
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти дека прекинот на водоснабдувањето ќе биде од 9:30 часот до завршување со работните активности.

