Реклама

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Прилози

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Нераспределена добивка од Државна лотарија од 2024 и донации од приватни компании.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нераспределена добивка од Државна лотарија од 2024 и донации од приватни компании. Владата даде отчет од каде и со што била покриена едномесечната манифестација за прославата на Денот на независноста. Целиот серијал, кој кулминираше со спектакуларниот концерт на Дејвид Гета, чинел 5 милиони и 530 илјади евра, но за него не се потрошил ниту денар од државниот буџет.

„За реализацијата на настаните за прославата на 35 години независност на државата не се потрошени буџетски средства. Трошокот за овие настани не ги чини граѓаните и ова е лесно проверлива информација. Ќе ми дозволите тука да направам една важна споредба, Перпарим Бајрами, Артан Груби 8,2 милиони „во воздух“, тоа се средства коишто не завршија кај граѓаните, а ова се средства со кои што ја донесовме прославата пред граѓаните“, изјави владината портпаролка Марија Митева.

Парите од Државна лотарија биле потрошени согласно сите законски процедури. Се објавил и јавен повик за прибирање понуди за реализација на спонзорираните настани. Директорот на Државна лотарија ги презентираше сите правни основи, одлуки и текот на целата постапка.

Реклама

„Ова спонзорство е дадено, значи овие средства се се обезбедени по основ на Законот за спонзорства и донации, а не по Законот за јавни набавки. ​Имено, се работи за средства од 300 милиони денари коишто беа на ставката на нераспределена добивка и беа компаниски пари. Тие се пари на самата компанија. Компанијата е посебен правен ентитет којшто има посебен правен субјективитет, издвоен од субјективитетот на Владата или на било кои други институции. Тоа што се јавува Владата како основач на таа компанија, тоа е во статус во нејзиниот статус на акционер. Да се разбереме, значи тие пари не се буџетски пари“, изјави Александар Климовски – директор на Државна лотарија.

Првиот човек на „Авалон“, Милошески, ја спореди оваа прослава со настаните организирани во минатото кога, за разлика од сега, навистина се трошеле пари од државниот буџет.

„Со вакви јавни средства или не верувам дека биле спонзорски, туку со средства кои биле директно од буџетот на Македонија, верувам дека постои документација, а тоа може да се провери, се организирани 7-8 настани. Јас знам дека е организиран настан за 100 години Илинден, каде во договорот стои во продукцијата дека ќе дојде Шакира, а дојде Гоца Тржан, вториот настан, легендарниот НАТО Фест, третиот на Градски плоштад го правеше една агенција директно во договор со Владата кога Америка ја призна Македонија, имаше уште еден за безвизниот режим на Македонија“, изјави Бобан Милошевски од „Авалон продукција“.

Прославата, според Владата, не била само настапот на светската музичка ѕвезда Дејвид Гета. Тој бил кулминација на повеќедневната програма, во која, според Митева, околу 95 проценти биле македонски изведувачи и домашни сценски содржини.

Од Владата велат дека токму тоа била една од главните цели – да се покаже дека и македонските уметници имаат капацитет за големи продукции, додека светската ѕвезда била само дел од целокупната прослава.