Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

РКЕ: Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензините поскапуваат за еден денар

Дизелот од ноќеска на полноќ поевтинува за 6,5 денари за литар, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дизелот од ноќеска на полноќ поевтинува за 6,5 денари за литар, а бензините поскапуваат за еден денар – одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,06 отсто.

Новата максимална малопродажна цена на „евросупер БС-95“ ќе изнесува 94 денари за литар, а „евросупер БС-98“ ќе се продава за 96 денари за литар. Цената на „евродизелот БС (Д-Е V)“ ќе изнесува 95 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ, малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3,5 денари за литар и ќе изнесува 97 денари, а малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,166 денар за килограм и ќе изнесува 44,410 денари.

Реклама

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на светскиот пазар во однос на претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,212 отсто, а кај дизелот има намалување за 8,237 отсто, кај екстра-лесното масло за 4,389 отсто и кај мазутот за 2,793 отсто.

Курсот на денарот во однос на доларот во пресметковниот период е понизок за 0,5477 отсто во споредба со периодот кога беа формирани претходните цени.

Напоменуваат дека ова се максимални цени на нафтените деривати и оти трговците на големо и мало може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.