Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Секое десетто дете во Македонија било злоупотребено преку интернет или телефон

Се срамиш? Ајде пушти ми барем една интимна фотка – симпатии, познаници,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се срамиш? Ајде пушти ми барем една интимна фотка – симпатии, познаници, роднини, партнери на родителите – приближно 12 илјади деца во Македонија биле цел на сексуална експлатација и злупотреба преку интернет и паметните телефони за само една година. Ужасни податоци од истражувањето на меѓунардната организација „Disrupting Harm“ која е под покровителство на УНИЦЕФ. Според овој извештај, секоа десетто дете, од 12 до 17 години во државата било цел на ваква злупотреба, а повеќето од нив воопшто и не ги пријавуваат ваквите случаи. Од нив, 48 отсто биле изложени на повеќе од една форма на злоупотреба или експлоатација, а некои дури добивале пониди за директни средби. Поеднакво засегнати се и момчињата и девојчињата. Во 78 отсто од случаите сторителот бил лице познато на детето, а само во пет отсто од случаите сторителот бил непознат за детето.

  • Особено често сторители биле поранешни или сегашни интимни партнери или лица кон кои детето чувствувало симпатии (во 39% од случаите), како и членови на семејството, кои биле вмешани во повеќе од една четвртина од случаите (27%). Ова укажува на тоа дека штетата често се случува во дигиталната и физичката средина, и е тесно поврзана со односите на доверба и пошироките општествени норми што го нормализираат насилството и ги стигматизираат жртвите на сексуална злоупотреба“ стои во извештајот на Disrupting harm.

Истражувањето предупредува дека злоупотребата не се случува исклучиво во виртуелниот простор. Таа може да се одвива целосно онлајн, преку комбинација на онлајн и директни средби, но и во физичка средина, при што технологијата се користи за снимање, дистрибуирање или олеснување на злоупотребата. Тоа има страшни последици, некои од децата дури размислувале за самоубиство.

  • „Зад секоја статистика во овој извештај стои дете чија доверба е изгубена, чија безбедност е загрозена и чија благосостојба е нарушена. Она што го чини ова истражување толку важно не е само тоа што за првпат се мери обемот на проблемот, туку и тоа што се бележат гласовите и животните искуства на самите деца и млади“, рече Лесли Милер, претставничка на УНИЦЕФ.
  • Брзата дигитализација отвори огромни можности за комуникација, образование и развој, но истовремено донесе и нови ризици од злоупотреба и експлоатација. Затоа заштитата на децата е заедничка одговорност и само преку партнерство, инклузивност и силна институционална координација можеме да создадеме безбедна дигитална средина за секое дете“, истакна Исени.

Социјалните мрежи се издвојуваат како еден од најчестите канали преку кои се олеснувала злоупотребата. Повеќе од половина од регистрираните инциденти биле поврзани со социјалните медиуми, додека речиси една третина се случиле преку онлајн-игри.

Реклама