Дијаерата кај гостиварци помина, но опасноста не е завршена.Во наредните неколку недели епидемиолозите очекуваат пораст на бројките со заболени од жолтица. Д-р Сашо Олумчев апелира граѓаните кои биле изложени на загадената вода треба во следните два месеца да внимаваат на својата здравствена состојба. Ако почувствуваат силен замор, губење апетит, гадење, покачена температура, темна урина, светла столица или пожолтување на кожата и очите, веднаш треба да се јават кај матичен лекар.
“Штом се работи за загадена вода тука има бактерии и вируси и паразити.Не треба да застанеме, епидемиолошкиот надзор треба да продолжи и поинтензивно.Покрај тоа што ние ќе најдеме три последнователни анализи на водата, сепак треба да видиме и во другиот дел бидејќи вирусите бараат молекуларно докажување. Да не се направи пропуст да се пушти водата во употреба и да напрвиме поголема беља”вели д-р Сашо Олумчев.
Лекарите апелираат и понатаму строго да се одржува личната хигиена, особено темелно миење на рацете.Според нив, нема место за паника, но има причина за внимателност.

Инаку, спсптјбата со градскиот водовод во Гостивар се подобрува, испитувањата продолживаат и ќе се чекаат три последователни анализи кои ќе покажат дека водата може и да се пие.
Здравствените власти инфоримираат дека епидемиолошката состојба во градот е стабилна.Намален е бројот на луѓе кои побарале лекарска помош.Во текот на вчерашниот ден биле извршени 36 прегледи, што е речиси двојно помалку во споредба со претходниот ден, кога биле регистрирани 73 проверки. Во моментов во болница се лекуваат четворица пациенти. Водата во гостивар и натаму останува само за техничка употреба.
