Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Јавното обвинителство од Кочани побара притвор за бегалелката Ива Михаилова

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Нови дишни апарати за пожарникарите во Македонска Каменица

Територијалната противпожарна единица во Македонска Каменица доби пет нови изолациони (дишни) апарати, со што се зајакнуваат капацитетите на единицата за интервенции во услови на пожар, чад и други опасни ситуации. Опремата, како што информираше градоначалничката Соња Стаменкова, е од производителот „Дрегер“, а е набавена преку компанијата „Армор Плус“ од Скопје во вкупна вредност од 585.000 […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Територијалната противпожарна единица во Македонска Каменица доби пет нови изолациони (дишни) апарати, со што се зајакнуваат капацитетите на единицата за интервенции во услови на пожар, чад и други опасни ситуации.

Опремата, како што информираше градоначалничката Соња Стаменкова, е од производителот „Дрегер“, а е набавена преку компанијата „Армор Плус“ од Скопје во вкупна вредност од 585.000 денари со вклучен ДДВ.

При посетата на Територијалната противпожарна единица, Стаменкова, истакна дека инвестицијата претставува дел од континуираните активности на локалната самоуправа за подобрување на условите за работа на пожарникарите.

Реклама

– Нашите пожарникари секојдневно се изложуваат на ризик за да спасуваат човечки животи и материјални добра. Затоа, наша обврска е да им обезбедиме современи средства и соодветни услови за работа што ќе им овозможат максимална заштита при извршувањето на нивната задача. Оваа опрема ќе придонесе за побезбедно и поефикасно дејствување на терен, изјави Стаменкова.

Таа нагласи дека Општина Македонска Каменица останува посветена на континуирано вложување во противпожарната заштита и најави дека до крајот на годината е предвидена набавка на дополнителна опрема и средства за потребите на ТППЕ.

Според Стаменкова, со ваквите инвестиции се зајакнуваат оперативните капацитети и подготвеноста на единицата за брза и ефикасна реакција во итни ситуации.

– Силна и добро опремена противпожарна единица значи посигурна и побезбедна Македонска Каменица за сите граѓани, порача градоначалничката.