Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Јавното обвинителство од Кочани побара притвор за бегалелката Ива Михаилова

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Работен состанок за уписите и оптимизацијата на 16-те основни училишта во Куманово

– Во организација на Секторот за образование при Општина Куманово денеска се одржа работен состанок со директорите на основните училишта, претставници на Министерството за образование и наука, УНИЦЕФ, СОНК и локалните институции, на кој беше разгледана состојбата со уписот на првачињата за учебната 2026/2027 година и процесот на оптимизација на училишната мрежа. Целта на состанокот […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Во организација на Секторот за образование при Општина Куманово денеска се одржа работен состанок со директорите на основните училишта, претставници на Министерството за образование и наука, УНИЦЕФ, СОНК и локалните институции, на кој беше разгледана состојбата со уписот на првачињата за учебната 2026/2027 година и процесот на оптимизација на училишната мрежа.

Целта на состанокот беше да се анализира моменталната состојба со уписот на учениците во прво одделение за учебната 2026/2027 година, со посебен акцент на формирањето паралелки во прво и шесто одделение. Притоа беа разгледани насоките добиени од Министерството за образование и наука и обврските што произлегуваат од процесот на оптимизација на училишната мрежа во основното образование.

Процесот на оптимизација е започнат во 2023 година од страна на Министерството за образование и наука, во соработка со УНИЦЕФ, со цел поефикасно организирање на наставата и подобро искористување на расположливите ресурси во училиштата.

Реклама

На состанокот, директорите на училиштата ја презентираа актуелната состојба со уписот на учениците во прво одделение и имаа можност да добијат дополнителни насоки и препораки од претставниците на МОН и УНИЦЕФ за формирање и оптимизирање на паралелките, во согласност со одредбите од Законот за основно образование. Според учесниците, ваквите координациски средби се значајни за навремено планирање на наставниот процес и за обезбедување квалитетни услови за образование на учениците. Во Куманово има 21 училиште, од кои пет средни.